| четврток, 6 декември 2018 |

Кој добива, а кој губи од падот на цената на нафтата?

Од ниските цени на нафтата најголем добитник ќе бидат Филипините, а најголеми губитници се Саудиска Арабија, Русија и Обединетите Арапски Емирати, се вели во анализа на „Оксфорд икономикс“.

Во неа се опфатени 45 национални економии.

– Ако цената на нафтата се намали под 39 долари за барел, би можело да има и продолжување на падот на цената на само 30 долари, смета Валтер Цимермен, главен технички стратег на брокерската компанија Јунајтед-ИЦАП.

Тој прогнозираше пад на цената на нафтата во 2014 година, јавуваат американски медиуми.

Според него, цената на нафтата ќе се формира на емоционална одлука, а не на односот побарувачка-производство.

– Увозниците на нафта ќе имаат корист поради намалените трошоци за гориво, додека извозниците ќе имаат пониски приходи. За извозниците на нафта кои немаат силни фискални правила притисоците врз буџетот и валутата може да бидат значајни, што може да придонесе за раст на инфлацијата, смета Цимермен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top