Хакерската група „Анонимуси“ им објави војна на џихадистите во знак на одмазда за масакрот во редакцијата на францускиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“ во Париз.
– Ќе ги следиме вашите онлајн активности, ќе ги затвориме сите ваши налози на друштвените мрежи… Ние ќе ве убиеме! – со овие зборови активистите на Анонимус им објавија војна на Ал Каеда и Исламска држава.
Белгискиот огранок на „Анонимуси“ најави дека ќе ги исклучи порталите на џихадистите, а на видео запис кој што е објавен на социјалните мрежи маскиран припадник на „Анонимуси“ им порачува на ИСИС, Ал Каеда и на останатите терористи дека ќе се одмаздат за смртта на жртвите од нападите.
Пред него има лист со хаштаг #OpCharlieHebdo, што е шифра за „Операција Шарли Ебдо“.
– Објавуваме војна против вас. Ќе ве следиме се до последен и ќе ве убиеме. Нема да дозволиме да го наметнете својот шериетски закон во нашите демократии и нема да дозволиме да ги убиете слободата и нашата слобода на изразување. Ние ве предуредивме, очекувајте го уништувањето-вели во пораката, еден припадник на „Анонимуси“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џихадистите се закануваат со напади во Њујорк за Нова година: 1 јануари е „ден на одмаздата“
-
Вучиќ: Немаме планови за војна, но не го признаваме Косово
-
Се запали црвениот аларм: Американскиот систем на тревога ДЕФКОН очекува можна нуклеарна војна!
-
Шефот на германската дипломатија предупредува на сериозна опасност од војна во 2018 година



