Кралот во техничките дисциплини во алпското скијање Австриецот Марсел Хиршер продолжува со импресивното возење и не знае за пораз во 2015 година.
Тој по победата во дисциплината слалом крај Загреб, победи и на денешното натпреварување организирано во швајцарскиот скијачки центар Аделбоден во дисциплината велеслалом со вкупно време по двете возења од 2:39,11 минути и зад себе ги остави Французинот Алексис Пинторо и Хенрик Кристоферсен кој заостанаа 1,13 минути односно 1,64 стотинки.
Со денешната победа Австриецот води и во генералниот пласман во досегашниот дел од сезоната со освоени 776 бодови пред најголемиот конкурент Кјетил Јансруд од Норвешка кој до сега собра 624 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



