| четврток, 6 декември 2018 |

И Астерикс и Обеликс им оддадоа почит на жртвите од „Шарли ебдо“

Карикатуристот и антиматор Албер Удерзо, кој е познат како автор на стрипот за Астерикс и Обеликс, иако е во пензија, реши повторно да го земе моливот в раце со цел да им оддаде почит на жртвите на нападите врз францускиот магазин „Шарли ебдо“.

Имено, 87-годишниот Удерзо нацрта нови анимации со галските јунаци, а на една од нив Астерикс удрирајќи го својот противник изговара: „И јас исто така сум Шарли“.

– Со ова сакав да изразам солидарност со карикатуристите кои ги дадоа своите животи за својата професија. Тоа што се случи е страшно и безумно, изјави Удерзо за парискиот весник „Фигаро“.

Анимациите посветени на „Шарли ебдо“ се објавени на официјалниот Твитер профил на Астерикс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top