Компанијата „Далија -табак„ во Делчево со задоцнување од 20 дена го започна откупот на тутун од минатогодишната реколта.
Тутунопроизводителите се известени дека поради технички проблеми „Далија -табак„ не била во можност да отпочне со откупот на 15 декември 2014 година, но дека сега има обезбедено просторни и кадровски услови и откупот ќе се врши по изготвениот распоред.
И тутунопроизводителите и откупувачите не се задоволни од квалитетот на тутунот, а со самото тоа и од откупните цени кои се поделени во четири категории. Тутунот од прва категорија се откупува по 260 денари за килограм, од втора за 189 денари, за трета 130 денари и за четврта 80 денари.
Откупениот тутун се исплаќа 30 дена од денот на извршената проценка, а „Далија-табак„ има обезбедено финансиски средства за таа цел.
– Предадовме 350 килограми, но не сме задоволни од откупната цена, бидејќи тутунот е со слаб кавалитет, ни изјави Ратка Стојмирова, тутунопроизводителка од Делчево, која егзистенцијата на семејството ја обезбедува од производство на тутун.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.