| четврток, 6 декември 2018 |

Барселона тешко против Панатенаикос, пораз на Алба Берлин

Во продолжение од Евролигата во кошарка во Топ-16 фазата по групи Барселона по незгодиниот пораз од Алба во Берлин на домашен терен успеа да слави тешка но заслужена победа над Панатенаикос од 80-76 во дербито на вечерта.
Марселињо Хуертас со 22 поени беше лидер во каталонскиот тим на овој меч, додека Демаркус Нелсон со 16 поени беше најефикасен во грчкиот состав.

Анадолу Ефес со неверојатен пресврт славеше победа над Уникаха од 74-70 во Истанбул. Гостите од Шпанија водеа на полувремето со 15 поени разлика (34-49), но клучна за победата на домаќините беше третиот период кога успеаа целосно да ја анулираат предноста на Уникаха (23-8). Мет Џенинг со 17 поени беше најефикасен во победничкиот тим, додека кај Уникаха, Голубовиќ и Кузминскас постигнаа по десет поени.

Фенербахче беше убедлив на гостувањето против Нижњи Новгород и победи со 60-78 и без проблеми славеше убедлива победа. Најзаслужен за гостинксиот триумф беа Гуделок со 23 и српскиот репрезентативец Богдан Богдановиќ со 17 поени.
Жалгирис на домашен терен ја победи Алба Берлин на Војдан Стојановски со 75-62. По старната голема победа на домашен терен над Барселона избраниците на Саша Обрадовиќ немаа сили за нова сензација и мораа да им честитаат на домаќините за заслужената победа. Македонскиот репрезентативец одигра 15 минути на овој меч, но остана без поени зад своето име. Андерсон со 16 и Јанкунас со 14 поени го одведоа тимот на Жалгирис до првата победа во топ-16 фазата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top