| четврток, 6 декември 2018 |

Спасена жена што сакалa да се удави во Охридско Езеро

Четириесет и едногодишната Г.Д. од Охрид вчера, околу 17 часот, се обидела да си го одземе животот скокајќи од карпите во водите на Охридско Езеро, кај местото Грашница.

Според полицијата, охриѓанката била забележана од случајни минувачи, кои ја извлекле од водата и ја однеле во болница.

Жената е пренесена во болницата „Свети Еразмо“, каде што ѝ била пружена нега и е задржана на натамошно лекување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top