| четврток, 6 декември 2018 |

Бомбардерот од Барселона гаранциjа за успех на „црвено-жолтите“

Кон­ти­ну­и­тет од на­ста­пи на го­ле­ми­те нат­пре­ва­ру­ва­ња има­ме, ква­ли­те­тот е нес­по­рен, до­бро сме ор­га­ни­зи­ра­ни и ам­би­ци­оз­ни. Се­пак, се ра­бо­ти за Свет­ско пр­венс­тво, ка­де што игра­ат нај­до­бри­те ре­пре­зен­та­ции и си­те се од­луч­ни да ус­пе­ат. Кон­ку­рен­ци­ја­та е го­ле­ма, а и вло­гот, исто та­ка. Да не за­бо­ра­ви­ме де­ка шам­пи­о­на­тот во Ка­тар но­си плас­ман и на Лет­ни­те олим­пи­ски игри. Има­ме до­бра ос­но­ва да оче­ку­ва­ме ус­пех, ка­ко ни­ко­гаш до­се­га сме здру­же­ни, со ек­стра-про­фе­си­о­нал­ци во со­ста­вот, што ни да­ва га­ран­ци­ја де­ка до­стој­но ќе го пре­зен­ти­ра­ме ква­ли­те­тот на ма­ке­дон­ски­от ра­ко­мет во Ка­тар, ве­ли бом­бар­де­рот на Бар­се­ло­на и ка­пи­тен на ма­ке­дон­ска­та ре­пре­зен­та­ци­ја

Ки­рил Ла­за­ров ќе ја пред­во­ди Ма­ке­до­ни­ја на ра­ко­мет­ни­от мун­ди­јал во Ка­тар, во зим­ски ус­ло­ви од 15 ја­ну­а­ри до 1 фе­вру­а­ри. Ка­пи­те­нот е во од­лич­на фор­ма, игра из­во­нред­но за Бар­се­ло­на и мо­мент­но е прв стре­лец во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те. Ни­што не­во­о­би­ча­е­но за 34-го­диш­ни­от бом­бар­дер од Све­ти Ни­ко­ле, играч на ко­го се­ко­гаш мо­же­те да се пот­пре­те. Цврст столб и во Бар­се­ло­на и во ма­ке­дон­ска­та ре­пре­зен­та­ци­ја, на­ш бренд што го пре­поз­на­ва­ат на си­те де­ло­ви од пла­не­та­та. Чо­век што не­ми­ло­срд­но ги тре­се про­тив­нич­ки­те мре­жи, рас­ен стре­лец што по­ста­ву­ва не­до­стиж­ни ре­кор­ди на го­ле­ми­те нат­пре­ва­ру­ва­ња. И во Ка­тар ќе би­де во уло­га­та на ли­дер на цр­ве­но-жол­ти­от брод, во оби­дот да се до­стиг­нат не­бес­ни­те ви­со­чи­ни. Оп­ти­ми­сти­те оче­ку­ва­ат ме­дал, а Ки­ре ве­ли де­ка е нај­важ­но Ма­ке­до­ни­ја и во Ка­тар до­стој­но да го пре­зен­ти­ра ква­ли­те­тот, а ос­тва­ру­ва­ње на цел­та и евен­ту­а­лен че­кор на­пред до ме­дал би бил ос­тва­ру­ва­ње на со­нот на си­те во на­ша­та зем­ја. Во пр­ва­та фа­за од шам­пи­о­на­тот ќе игра­ме со Хр­ват­ска, по­тоа и со Ту­нис, БиХ, Ав­стри­ја и со Иран. Ако ми­не­ме понатаму, сле­дат ели­ми­на­ци­ски нат­пре­ва­ри. Ка­пи­те­нот, се­ка­ко, по­са­ку­ва ме­дал, ка­ко и си­те во Ма­ке­до­ни­ја, но ве­ли де­ка на ре­пре­зен­та­тив­ци­те им тре­ба мир, без до­пол­ни­те­лен при­ти­сок и им­пе­ра­ти­ви, за да се че­ко­ри си­гур­но кон но­ви по­бе­ди.

 

Свет­ско­то пр­венс­тво во Ка­тар е ве­ро­јат­но пос­лед­на шан­са за ме­дал на оваа ге­не­ра­ци­ја. Има ли Ма­ке­до­ни­ја ква­ли­тет за под­виг?
Лазаров: Нај­лес­но е да се ка­же и да се оче­ку­ва од не­ко­го да се ос­тва­ри та­ков ус­пех, да се освои ме­дал на го­ле­мо нат­пре­ва­ру­ва­ње. Ние не бе­га­ме од тоа и има­ме исти оче­ку­ва­ња и жел­би ка­ко и јав­но­ста, но тре­ба да се би­де тр­пе­лив, да се ра­бо­ти на­пор­но за да се ос­тва­ри ус­пех и да се ос­тва­ри со­нот за осво­ју­ва­ње ме­дал на Свет­ско пр­венс­тво. Тоа е за­ед­нич­ка жел­ба на си­те, и на ра­ко­ме­та­ри­те, и на струч­ни­от штаб, и на на­ви­ва­чи­те во Ма­ке­до­ни­ја. Кон­ти­ну­и­тет од на­ста­пи на го­ле­ми­те нат­пре­ва­ру­ва­ња има­ме, ква­ли­те­тот е нес­по­рен, ам­би­ци­оз­ни сме и до­бро ор­га­ни­зи­ра­ни. Се­пак се ра­бо­ти за Свет­ско пр­венс­тво, на кое игра­ат нај­до­бри­те ре­пре­зен­та­ции и си­те се од­луч­ни да ус­пе­ат. Кон­ку­рен­ци­ја­та е го­ле­ма, а и вло­гот исто та­ка. Да не за­бо­ра­ви­ме де­ка шам­пи­о­на­тот во Ка­тар но­си плас­ман и на Лет­ни­те олим­пи­ски игри. Има­ме до­бра ос­но­ва да оче­ку­ва­ме ус­пех, ка­ко ни­ко­гаш до­се­га сме здру­же­ни, со ек­стра-про­фе­си­о­нал­ци во со­ста­вот, што ни да­ва га­ран­ци­ја де­ка до­стој­но ќе го пре­зен­ти­ра­ме ква­ли­те­тот на ма­ке­дон­ски­от ра­ко­мет во Ка­тар.

 

Екс­пер­ти­те ве­лат де­ка Хр­ват­ска и Ма­ке­до­ни­ја се глав­ни фа­во­ри­ти во гру­па­та Б. Кол­ку е те­шка или лес­на пр­ва­та фа­за од нат­пре­ва­ри­те?
Лазаров: По на­ви­ка, ни­ко­гаш не са­кам да ко­мен­ти­рам рас­по­ред на гру­пи. Знам за ко­мен­та­ри­те де­ка сме има­ле сре­ќа при ждреп­ка­та, но си­ла­та на про­тив­ни­ци­те ќе ја ви­ди­ме ко­га ќе се со­о­чи­ме на те­ре­нот. Мо­ра да има­ме по­чит кон си­те се­лек­ции во на­ша­та гру­па. Не ни тре­ба­ат не­ка­кви спе­кта­ку­лар­ни нај­а­ви, ни­ту евен­ту­ал­но али­би. Без до­пол­ни­те­лен то­вар од на­мет­ну­ва­ње не­ка­ков им­пе­ра­тив за атак на ме­дал, си­гур­но ќе ни би­де по­лес­но. Ние сме ре­пре­зен­та­ци­ја што мо­же да ја по­бе­ди Фран­ци­ја или Шпа­ни­ја, но и да за­гу­би од пос­ла­бо­ран­ги­ра­ни од нас. Нај­важ­но од сѐ е што сме ма­кси­мал­но фо­ку­си­ра­ни да при­ка­же­ме до­бра игра во Ка­тар. Да игра­ме спо­ред прин­ци­пот се­кој сле­ден меч е нај­важ­ен. Са­мо ос­ло­бо­де­ни од сте­ги­те мо­же­ме до ус­пех, до до­бар плас­ман на Свет­ско­то пр­венс­тво.

 

На СП во Хр­ват­ска и на ЕП во Ср­би­ја бев­ме ка­ко до­ма­ќи­ни бла­го­да­реј­ќи на ма­сов­но­то при­сус­тво и на под­др­шка­та од на­ви­ва­чи­те. Ќе би­де ли Ма­ке­до­ни­ја хен­ди­ке­пи­ра­на без фа­лан­га­та?
Лазаров: Ма­ке­дон­ски­те на­ви­ва­чи беа из­во­нред­ни и ни да­ваа по­се­бен мо­тив и крил­ја да игра­ме и во Хр­ват­ска и во Ср­би­ја и се­ка­де ка­де што на­ста­пу­ва­ме. Ат­мо­сфе­ра­та што ја пра­веа е по­себ­на за нас, ве­ру­вам де­ка во го­лем број ќе би­дат со нас и во Ка­тар иа­ко си­ту­а­ци­ја­та се­га е мал­ку по­и­на­ква. Зем­ја­та-до­ма­ќин е да­ле­ку од Ма­ке­до­ни­ја, но оче­ку­вам и на­шин­ци­те кои ра­бо­тат во Ка­тар да би­дат при­сут­ни на три­би­ни­те. Мис­лам де­ка не­ма да би­де­ме хен­ди­ке­пи­ра­ни во тој пог­лед. Осо­бе­но што оваа ге­не­ра­ци­ја ра­ко­ме­та­ри дра­стич­но ја сме­ни­ја сли­ка­та, и тоа во по­зи­тив­на на­со­ка. Игра­ме во кон­ти­ну­и­тет до­бро и на го­стин­ски те­рен, го раз­би­ва­ме комп­ле­ксот на по­ра­зи ко­га ќе ја ми­не­ме гра­ни­ца­та на Ма­ке­до­ни­ја, и тоа е го­лем пси­хо­ло­шки плус за ос­тва­ру­ва­ње на цел­та.

 

Kiril-Lazarov-2

 

Кои се глав­ни­те фа­во­ри­ти за ти­ту­ла­та и за ме­да­ли­те?
Лазаров: Спо­ред ме­не, Фран­ци­ја е нај­го­лем фа­во­рит за злат­ни­от ме­дал. Има­ат од­лич­на ре­пре­зен­та­ци­ја, со кон­ти­ну­и­ра­ни ус­пе­си на го­ле­ми­те нат­пре­ва­ру­ва­ња. Дан­ска е ре­дов­но при вр­вот во пос­лед­ни­те го­ди­ни, но кај нив има сме­на на се­ле­ктор­ска­та по­зи­ци­ја, па ќе ви­ди­ме ка­ко ќе се одра­зи тоа на нив­на­та игра во Ка­тар. Оче­ку­вам до­бар на­стап и ре­зул­тат од Швед­ска иа­ко не ги ран­ги­ра­ат ме­ѓу нај­се­ри­оз­ни­те кан­ди­да­ти за ме­дал. Мож­но е до­ма­ќи­нот Ка­тар да би­де при­јат­но из­не­на­ду­ва­ње. Се­ка­ко ќе би­дат мно­гу тврд орев за си­те про­тив­ни­ци. На­ту­ра­ли­зи­раа не­кол­ку­ми­на ква­ли­тет­ни ра­ко­ме­та­ри, на­пра­ви­ја ви­стин­ски из­бор и се на­де­ва­ат на ус­пех. Од втор ред би ги изд­во­ил Шпан­ци­те, по­тоа и Хр­ва­ти­те, се­ка­ко и Гер­ма­ни­ја, иа­ко зна­е­ме на кој на­чин се прот­наа на мун­ди­ја­лот. Има мно­гу ам­би­ци­оз­ни и ква­ли­тет­ни ре­пре­зен­та­ции, и оче­ку­вам не­из­ве­сен шам­пи­о­нат.

 

Ка­ко е да си ѕвез­да во соѕ­вез­ди­е­то на Бар­се­ло­на?
Лазаров: Не се чув­ству­вам ка­ко ѕвез­да иа­ко Бар­се­ло­на го има еден од нај­до­бри­те со­ста­ви на пла­не­та­та. Јас сум про­фе­си­о­на­лец и та­ка се од­не­су­вам во си­те сре­ди­ни ка­де што на­ста­пу­вам. И во Бар­се­ло­на се од­не­су­вам та­ка, а клу­бот е бес­пре­кор­но ор­га­ни­зи­ран со мно­гу врв­ни ра­ко­ме­та­ри со кои од­лич­но со­ра­бо­ту­вам. Нај­важ­но е це­ла­та ма­ши­не­ри­ја да функ­ци­о­ни­ра на ви­стин­ски­от на­чин. За­се­га сум мно­гу за­до­во­лен од ре­зул­та­ти­те и од на­чи­нот на кој игра мо­јот се­га­шен клуб. Има врв­ни ѕвез­ди кои ин­ди­ви­ду­ал­ни­от ква­ли­тет го по­дре­ду­ва­ат на ко­ле­кти­вот. Бар­се­ло­на е свет­ска мар­ка, не са­мо во ра­ко­ме­тот, и ми при­чи­ну­ва огром­но за­до­волс­тво што сум дел од та­ков ре­но­ми­ран спорт­ски ко­ле­ктив.

 

Што ве­лат во Шпа­ни­ја за ма­ке­дон­ско­то ра­ко­мет­но чу­до?
Лазаров: Впе­ча­то­кот е из­во­нре­ден, а ко­мен­та­ри­те се мош­не по­зи­тив­ни. И тоа во Шпа­ни­ја, зем­ја што има огром­ни ус­пе­си и во ра­ко­ме­тот и во оста­на­ти­те спор­то­ви. Бар­се­ло­на два­па­ти го­сту­ва­ше во Скоп­је, во лан­ски­от цик­лус во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те во пре­крас­на ат­мо­сфе­ра, што ни­ко­го не оста­ви рам­но­ду­шен. Ра­стот на Вар­дар и на Ме­та­лург е вид­лив и е мно­гу зна­ча­ен за ма­ла зем­ја ка­ква што е Ма­ке­до­ни­ја.

Сѐ по­че­сто во Скоп­је ка­ко за­си­лу­ва­ња до­а­ѓа­ат ре­но­ми­ра­ни ра­ко­ме­та­ри. Не е ма­ла ра­бо­та да се ан­га­жи­ра­ат од­лич­ни игра­чи, ка­ко што се Штер­бик, Ву­гри­нец, Ди­би­ров, Дуј­ше­ба­ев…. Се­ри­оз­но се вло­жу­ва, и тоа е га­ран­ци­ја за на­пре­док.

И ре­пре­зен­та­ци­ја­та бе­ле­жи до­бри ре­зул­та­ти, по­сто­ја­но сме при­сут­ни на го­ле­ми­те нат­пре­ва­ру­ва­ња, што нѐ про­мо­ви­ра на ра­ко­мет­на­та ма­па ка­ко зна­ча­ен дел од свет­ски­от ра­ко­мет. И на клуп­ски и на ре­пре­зен­та­ти­вен план оста­ва­ме си­лен пе­чат, што зна­ат да го це­нат и во Шпа­ни­ја, зем­ја ко­ја е спорт­ска ве­ле­си­ла. Тоа ме пра­ви горд би­деј­ќи и јас на­ста­пу­вам та­му и сум ре­пре­зент на ма­ке­дон­ски­от ра­ко­ме­тен ус­пех.

 

Што не­до­ста­су­ва во бо­га­та­та ка­ри­е­ра на Ки­рил Ла­за­ров. Ка­ква жел­ба има­те во Но­ва­та го­ди­на?
Лазаров: Спо­ко­ен сум и знам де­ка ни­што не до­а­ѓа са­мо од се­бе и пре­ку ноќ. Не би бил искрен ко­га би ка­жал де­ка не ми зна­чат ин­ди­ви­ду­ал­ни­те приз­на­ни­ја, а ги има мно­гу. Сѐ сум по­стиг­нал со на­пор­на ра­бо­та и со многу одрек­ну­ва­ње. Но и со го­ле­ма под­др­шка од се­мејс­тво­то, од на­ви­ва­чи­те и со­и­гра­чи­те, без раз­ли­ка ка­де сум на­ста­пу­вал. Ми не­до­ста­су­ва ти­ту­ла во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те иа­ко не­кол­ку­па­ти бев на че­кор до тро­нот. Играв во две фи­на­ли­ња, не­кол­ку­па­ти бев дел од за­врш­ни­те тур­ни­ри за ти­ту­ла­та, но не­до­ста­су­ва­ше мно­гу мал­ку, мо­же­би и тро­шка сре­ќа за да стиг­нам до вред­ни­от тро­феј. Но, по­втор­но ве­лам де­ка не­мам ни­ка­ков при­ти­сок, спо­ко­ен сум и ве­ру­вам де­ка ќе ја ос­тва­рам и таа цел, мо­же­би ве­ќе го­ди­на­ва. Се­ка­ко, се на­де­вам де­ка ќе си го ис­пол­нам и со­нот со Ма­ке­до­ни­ја да би­дам на пи­е­де­ста­лот, со ме­дал на гра­ди­те. Тоа е жел­ба на си­те во на­ша­та зем­ја и по­са­ку­вам да го изра­ду­ва­ме на­ро­дот со ус­пех. Македонија е мала земја, со зна­чај­на ра­ко­мет­на и спорт­ска тра­ди­ци­ја и зас­лу­жу­ва­ме да им се ра­ду­ва­ме на ус­пе­си­те.

 

Ќе про­дол­жи ли до­ми­на­ци­ја­та на ра­ко­ме­тот ка­ко спорт број 1 во Ма­ке­до­ни­ја? Има­ме ли та­лен­ти што и во ид­ни­на на ус­пе­шен на­чин ќе ја рас­ка­жу­ва­ат ра­ко­мет­на­та бај­ка?
Лазаров: Има­ме по­тен­ци­јал во мла­ди­те ра­ко­ме­та­ри кои сѐ по­ве­ќе се на­мет­ну­ва­ат. До­бро е што ма­ке­дон­ска­та ре­пре­зен­та­ци­ја е по­сто­јан учес­ник на го­ле­ми­те нат­пре­ва­ру­ва­ња, што ќе им по­мог­не на пом­ла­ди­те ви­стин­ски да со­зре­ат, да се над­гра­дат, да на­пре­ду­ва­ат. Има­ат од ко­го да учат би­деј­ќи ква­ли­те­тот и на клуп­ско и на ре­пре­зен­та­тив­но ни­во е од­ли­чен. Се­гаш­ни­те ге­не­ра­ции има­ат и пред­ност во од­нос на нас. Ние не­мав­ме та­кви ус­ло­ви. Ра­ко­ме­тот во Ма­ке­до­ни­ја мош­не бр­зо на­пре­ду­ва и на ор­га­ни­за­ци­ски и на играч­ки план. Вар­дар и Ме­та­лург стан­дард­но на­ста­пу­ва­ат во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те, та­лен­ти­ра­ни­те ра­ко­ме­та­ри со тоа има­ат мож­ност да ја по­чув­ству­ва­ат ат­мо­сфе­ра­та во елит­но нат­пре­ва­ру­ва­ње, па и да игра­ат, што е го­лем мо­тив за млад играч по­бр­зо да на­пре­ду­ва. Ма­ке­до­ни­ја има по­тен­ци­јал што ве­ту­ва про­дол­жу­ва­ње на уба­ва­та ра­ко­мет­на при­каз­на и во ид­ни­на.

 

(Пишува: Зоран Поповски
Текст објавен во 122. број на неделникот „Република“, 2.01.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top