| четврток, 6 декември 2018 |

Напаѓачите врз „Шарли ебдо“ и убиството во јужното предградие на Париз се поврзани

слика

Постои врска меѓу двајцата џихадисти осомничени за нападот врз магазинот „Шарли ебдо“ и осомничениот убиец на полицајка при пукање реден ден подоцна во Монруж, јужно од Париз, јавија француски медиуми повикувајќи се на полициски извори.

Досега француските власти сметаа дека нема врска меѓу двата случаја.

Според медиумите, мажот осомничен за убиството на полицајката е член на истата џихадистичка група како и осомничените за масакрот во „Шарли ебдо“. Пред десетина години, таа група испратила џихадисти во Ирак за да се борат со силите на САД.

Едниот од браќата Куаши одлежал 18 месеци затвор за членство во џихадистичката група. Во 2010 година осомничениот од Монруж бил осуден за улогата во бегство од затвор на Смаин Али Белаксем, обвинет за напад во метрото во Париз кога загинаа осум луѓе.

Шерид Куаши, исто така, бил вмешан во обид за бегство, но не бил осуден за тоа.

Двајцата браќа се опколени во гратчето Дамартан-ан-Гуел, каде што држат заложник во печатница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top