Француската полицијата договори евакуација на локалното училиште во местото Дамартан-ан-Гуел, каде во тек е акција против терористите осомничени за нападот на списанието „Шарли Ебдо“. Тие се наоѓаат во печатница и држат за заложник едно лице.
Портпаролот на градските власти Одреј Топена изјави дека е воспоставен телефонски контакт со осомничените и оти е договорена безбедна евакуација на децата од локалното училиште.
Претходно, градските власти ги повикаа родителите да не доаѓаат по децата во училиште и најавија дека ќе го организираат враќањето во нивните домови.
Децата во училиштето „Анри Динан“ се наоѓаат во една училница, на чии прозорци се ставени килими.
Жандармеријата ја обезбедува оваа установа и забранува секакво движење.
Осомничените во печатницата, која се наоѓа веднаш до училиштето за заложник го држат Мишел Каталано, за кого пријателите велат дека заминал на работа, а не можеле да воспостават контакт со него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.