| четврток, 6 декември 2018 |

САД затвораат 15 воени бази во Европа

chuck hagelСАД ќе затворат 15 воени бази низ Европа, со што Пентагон ќе заштеди околу 500 милиони долари годишно, изјави денеска американскиот секретар за одбрана во заминување Чак Хејгел.  Голем број воени бази што ќе бидат затворени се помали објекти, што се остатоци од Студената војна и стационари, во најголем дел во Велика Британија и во Португалија, а се однесуваат на припадниците на американските копнени сили во Европа.

САД моментно имаат повеќе од 60.000 војници стационирани во Европа, во најголем дел во Германија, Италија и во Велика Британија и нивниот број ќе остане ист бидејќи Вашингтон планира да врши нивно „ротирање“ низ Европа, како и да се вклучи во програми за обука.

Според Хејгел, тоа има за цел да се зголеми ефикасноста на американското воено присуство во Европа и по тензиите Вашингтон да го насочи вниманието кон Азија.

Хејгел истакна дека британската воена база РАФ Лејкенхет ќе биде прва постојана европска база за нови американски авиони од типот Ф-35 и дека промените ќе значат намалување од околу 2.000 американски воени службеници во Велика Британиај во следните неколку години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top