| четврток, 6 декември 2018 |

Грција ќе добие пари само ако е послушна

mario dragiГрција ќе добие пари само при почитување на преземените ангажмани и придржување кон програмата, изјави портпарол на претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги. Тој ја истакнал неопходноста од постигнување договор меѓу Владата на Грција и меѓународните кредитори, пишува грчкиот весник „Етнос“.

ЕЦБ објави дека продолжувањето на нејзините „привилегирани“ минимални барања за кредитен рејтинг на грчките обврзници се заснова на техничкото проширување на програмата на Европскиот стабилизациски фонд до крајот на февруари 2015 година и на проширувањето на спасувачката програма на ММФ.

– Тоа, исто така, се базира и на претпоставката за успешно завршување на актуелниот преглед за извршување на грчката програма и на договорот меѓу грчките власти и ЕК во соработка со ЕЦБ и ММФ – додал портпаролот.

Банката додаде дека продолжувањето на нејзината програма за пристап на грчките банки до свежо финансирање ќе зависи од резултатот на преговорите на властите во Атина со главните кредитори на земјата и на новата условна превентивна кредитна линија на ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top