Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск најави дека на 12 февруари во Брисел ќе се одржи средба на врвот на Европска унија посветена на борба против против тероризмот. Средбата е закажана по нападот врз францускиот сатиричен „Шарли ебдо“ во Париз при што загинаа 12 луѓе.
– Синоќа разговарав со претседателот на Франција, Франсоа Оланд и ќе ја искористам средбата на шефовите на држави и на влади на 12 февруари, да разговараме како одговор може да даде ЕУ на предизвиците во борбата против тероризмот- истакна Туск по средбата со летонската премиерка Лајмдота Страујума.
В недела во Париз министрите за внатрешни работи и правда на земјите-членки на Европската унија и на САД ќе присуствуваат на меѓународна средба посветена на борбата со тероризмот. Меѓу учесниците ќе биде и американскиот секретар за правда на САД, Ерик Холдар, координаторот на ЕУ за борба со тероризмот Жил де Керхов, еврокомесарот за внатрешни работи Димитрис Аврамопулос.
– Средбата е израз на солидароност со Франција по крвавиот напад врз редакцијата на сатиричниот „Шарли ебдо“, како и да се разгледа заедничкиот предизвик испратени од терористите. На него можеме да дејствуваме само заедно, во ЕУ и надвор од неа – посочи францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казенев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


