Познатиот модел Миранда Кер, најдобро се чувствува кога е гола. Манекенката, која имаше врска со актерот Орландо Блум, вели дека ако не биле љубопитните обожаватели и папараците, таа би си дозволила уште повеќе по дома да се шета без облека.
– Многу би сакала да се нурнам во океанот без облека, но да не требаше да се плашам дека некој ќе ме сними, вели таа за списанието „Harper’s Bazaar“.
Во интервјуто Миранда раскажува и за својот четиригодишен син Флин, кој иако уште е мал, веќе ги има направено првите чекори во модата, фотографирајќи се за австралиското издание на магазинот „Vogue“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.






