| четврток, 6 декември 2018 |

Ја затворил девојката во подрум, па ја пуштил

полиција

Двајца млади кумановци ја киднапирале девојката на едниот, ја однеле во подрум, каде што ја држеле кратко време, по што ја пуштиле.

СВР Куманово поднесе кривична пријава за А.Р.(20) и за Б.Р.(23), двајцата од Куманово, за сторено кривично дело противправно лишување од слобода.

На 30 окромври лани, во Куманово, на улица Трета македонска ударна бригада,  пријавените ја пресретнале Д.М.(18) од Куманово, која била во љубовна врска со А.Р., по што А.Р. насилно ја внел во возилото и заедно со Б.Р. се упатиле кон м.в. „Бараки“, а потоа ја однеле во подрумска просторија од зграда на нивен роднина, каде што ја држеле кратко време, по што ја оставиле од каде што ја зеле.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top