| четврток, 6 декември 2018 |

Џенифер Лопез ѝ се враќа на старата љубов!?

00038566

Џенифер Лопез и Каспер Смарт предизвикаa шпекулации дека можеби пак ќе се смират. Двајцата беа во врска меѓу октомври 2011 и јуни 2014 година, но изгледа одлучиле да си дадат втора шанса. Тие биле забележани заедно на Нова година во Лас Вегас, каде што пејачката имаше концерт во хотел „Цезарс палас“.

2451960700000578-0-image-m-74_1420680066043

Откако се разделија, двајцата останаа во добри меѓусебни односи и беа забележани заедно неколку пати на различни поводи. Изгледа тие, сепак, ќе се обидат да си дадат уште една шанса и се надеваат тоа да успее.

twitter-jennifer-lopez-casper-smart2

Jennifer-Lopez-et-Casper-Smart-a-Beverly-Hills-le-17-septembre-2013_portrait_w674

Неодамна Џеј Ло призна дека била на работ на смртта кога се распадна нејзиниот брак со Марк Ентони. Бракот им траеше 10 години, но минатата година конечно се разведоа. Таа изјави дека за време на разводот доживеала повеќе болка отколку кога и да било во минатото.

2451961300000578-2901361-image-m-88_1420681062768

– Се сеќавам дека бев во шминкерница и почувствував дека нема да можам да станам од кревет следното утро. Нема таква болка. Нема толку силна болка, како онаа кога се разведувате. Надежта, сонот, приказната … сето тоа се крши на парчиња и чувствуваш дека ќе умреш – сподели неодамна пејачката.

23F335B300000578-2869141-image-a-48_1418248816518

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top