| четврток, 6 декември 2018 |

Кај разбојник најдена бомба

bomba

Разбојник, кој ѝ е познат на полицијата, вчера бил фатен во Битола со рачна бомба сокриена во автомобил.

СВР Битола поднела кривична пријава за Н.А (21) и за Т.М. (38), и двајцата од Битола, заради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи. 

Од страна на истражен судија при Основен суд Прилеп, на пријавените им е одреден притвор од 30 дена. По претходно добиени сознанија по оперативен пат, вчера во 1.20 часот, во Прилеп, на крстосницата меѓу улиците Димо Наредникот и Андон Слабејко од страна на полициски службеници од ПС Прилеп било запрено „југо 45“ бела боја со битолски регистарски таблички, управувано од второпријавениот.

При прегледот на возилото кај совозачот (првопријавениот) е пронајдена  рачна бомба , сместена во сива картонска кутија за чевли.   Од страна на екипа на ПС Прилеп е извршен увид, а бомбата е доставена на вештачење. Пријавените инаку се познати  извршители на кривични дела кражби и разбојништва.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top