| четврток, 6 декември 2018 |

Викендов нагло затоплување, в недела до 15 степени

Времето утрово е многу студено. Во седум часот во Скопје-Петровец, Тетово и Берово се измерени -12 степени, во Битола -11, во Прилеп -10, во Скопје-Зајчев Рид и Куманово -9, во Демир Капија, Крива Паланка, Струмица и Кавадарци -8 , во Штип, Виница и Дебар -7 , во Гевгелија, Охрид, Претор и Лазарополе -6 , а во Дојран, Крушево и Маврово до -4 степени.

Како што соопшти УХМР, минималната температура е -13 степени во Тетово до -5 во Дојран.

Во текот на денот ќе биде умерено облачно со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Максималната температура ќе биде од еден до седум степени.

Во Скопје слично време со температура до два степена.

Висината на снежната покривка во седум часот била 45 сантиметри во Маврови Анови, 33 во Лазарополе, 23 во Крушево, 22 во Пожаране, 20 во Ѓуриште, 13 во Охрид, 12 во Претор, 10 во Тетово и Тополчани, седум во Битола,  шест во Прилеп и Крива Паланка, четири во Скопје-Зајчев Рид и три во Скопје-Петровец и Пожар.

Викендов се очекува значителен пораст на температурата, што ќе услови снежната покривка да се топи. Утре во североисточните делови, вклучувајќи го и скопското подрачје, ќе има услови за појава на слаб дожд, но во најголем дел од земјава ќе се задржи суво со умерена до значителна облачност. В недела ќе биде сончево со мала до умерена облачност и релативно топло со дневна температура меѓу 7 и 15 степени.

В недела кон крајот на денот ќе потпаднеме под влијание на нов влажен бран, кој ќе предизвика најпрво врнежи, а врнежите в понеделник на повеќето места ќе преминуваат во снег, проследени со засилен северен ветер и нагло опаѓање на температурата. Се очекува формирање нова снежна покривка, особено на планините во западните делови.

Од вторник повторно следува стабилизација на времето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top