
Француската полиција синоќа почнала со претрага на голема пештера длабока неколку стотини метри во која се претпоставува дека се кријат двајцата осомничени за убиството на 12 луѓе при нападот на сатиричниот „Шарли ебдо“. Според пишувањата на британски „Дејли меил“, на подрачјето на шумата во која, наводно, побегнале браќата Куачи се наоѓа напуштено рударско окно и постои можност да се кријат токму таму од големиот број специјалци што ги бараат.
Антитерористичките единици на француската полиција вчера ги проверуваа и околните села североисточно од Париз. Во претресите на куќите и имотите учествувале 20 до 30 специјалци придружувани од хеликоптер. Бегалците се Французи од алжирско потекло, вооружени и опасни. Помалиот брат Шериф Куачи ѝ е познат на полицијата затоа што пред десет години бил уапсен во обид да замине за Ирак за да се бори на страната на исламистите. поради тоа минал година и пол во затвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Париз во пламен! Протестите прераснаа во улична војна, наскоро ќе биде воведена вондредна состојба?
-
Војна на улиците на Париз: Нема револуцијата без насилство (фото+видео)
-
Пронајдено возило со експлозив близу Париз
-
По девет дена пронајдени младите фудбалери кои исчезнаа во пештера во Тајланд (видео)


