| четврток, 6 декември 2018 |

Скопје, Тетово и Берово најстудени утрово

мраз

И денеска имаме студено утро со температура под нулата. Во 7 часот најстудено беше во Скопје-Петровец, Тетово и Берово каде што беа измерени -12 степени,  -11 во Битола, -10 во Прилеп, на Зајчев Рид во Скопје и во Куманово -9, во Д.Капија, К.Паланка, Струмица и Кавадарци -8, -7 во Штип, Виница и Дебар, -6 во Гевгелија, Охрид, Претор и Лазарополе, до -4 степени во Дојран, Крушево и Маврово.

 Утринава во земјава времето е претежно ведро и многу студено. Минималната температура на воздухот се движеше од -13 степени во Тетово до -5 во Дојран.

Денеска не очекува умерено облачно време со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервалот од 1 до 7 степени.

Во Скопје умерено, а попладне значително облачно со слаб до умерен северозападен ветер. Температура до 2 степена.

Во деновите од викендот ќе има значителен пораст на температурата, што ќе услови снежната покривка да се топи. Утре во североисточните делови, вклучувајќи го и скопското подрачје, ќе има услови за појава на слаб дожд, но, сепак, во најголем дел од земјава ќе се задржи суво со умерена до значителна облачност. В недела ќе биде сончево со мала до умерена облачност и релативно топло со дневна температура меѓу 7 и 15 степени.

В недела кон крајот на денот ќе потпаднеме под влијание на нов влажен бран, кој ќе предизвика прво врнежи од дожд, а овие врнежи во понеделник на повеќето места ќе преминуваат во снег, проследени со засилен северен ветер и нагло опаѓање на температурата. Се очекува формирање на нова снежна покривка, особено на планините во западните делови.

Од вторник повторно следува стабилизација на времето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top