Глобалната економија во текот на 2015 година ќе забележи раст од 2,9 отсто, како резултат на ниските цени на нафтата на светските берзи, предвидува Истражувачкиот оддел на магазинот „Економист“.
Според аналитичарите на британскиот весник, падот на цените на нафтата за 10 отсто ќе резултура со глобален економкси раст од 0,2 процентни поени
Најголемата светска економија, американската, во 2015 година, според анализата, ќе забележи раст од 3,3 отсто, додека стопанствата на ЕУ и Јапонија ќе бидат далеку под овој процент.
Кинеската економија би требало годинава да забележи раст од седум отсто, што ќе придонесе азиско-пацифичкиот регион, без Јапонија, да има најголем раст на економијата во светот.
Најголем економски раст во текот на 2015 се очекува во Папуа Нова Гвинеја со речиси 15 отсто, а по неа следуват Туркменистан, Конго, Лаос, Брегот на Слоновата Коска, Мозамбик, Танзанија, Шри Ланка и Камбоџа.
За Западна Европа аналитичарите предвидуваат економски раст од 1,4 проценти, а за Источна Европа, заедно со Русија, зголемување на БДП од еден процент.
На дното на скалата се предвидува да биде Сиера Леоне, која поради епидемијата на еболата, би имала пад на економијата од четири проценти, а пред неа се Макао, чиј БДП ќе опадне поради намалувањето на приходите од коцкање, како и Русија, која ќе претрпи штети поради западните санции и ниските цени на нафтата.
Дното на скалата, по обратен редослед, го заокружуваат уште Екваторијална Гвинеја, Украина, Источен Тимор, Порторико, Србија и Хрватска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.