| четврток, 6 декември 2018 |

Турција дополнително порача уште четири Ф-35

f-35Турција одлучи да направи дополнителна порачка за уште 4 воени авиони Ф-35 од американската компанија Локхид Мартин. Предвидено е Турција да купи 100 воени авиони Ф-35.

– Ние веќе орачавме два од нив. Сега одлучивме да порачаме уште четири, изјави турскиот премиер Ахмед Давутоглу по средба со Секретаријатот за одбрана.

Вкупната сума на договорот е 16 милијарди долари.

Програмата за Ф-35 во која Турција учествува заедно со уште осум држави плус САД, ги надмина првичните расходи и стана најскапата воена програма во историјата на Пентагон.

Турскиот премиер додаде дека продолжуваат преговорите за купување ракети земја-воздух со голем дострел, договор кој е вреден речиси три милијарди долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top