| четврток, 6 декември 2018 |

АБНА го осуди нападот врз „Шарли Ебдо“

abnaАсоцијацијата на балкански новински агенции (АБНА), чија членка е и МИА, денеска го осуди вчерашниот напад врз францускиот весник „Шарли Ебдо“, оценувајќи дека тоа претсавува „ладнокрвен напад врз слободата на изразување и врз невини граѓани“.

– Сведоци сме на еден варварски чин, кој го разгневи човештвото. Наше право како човечки суштества е да имаме слобода на изразувањето и убедувањето и да бидеме ослободени од стравот, како што е запишано пред 67 години во Општата декларација за човекови права. Наше право е да ги браниме нашите идеи, се наведува во соопштението на АБНА.

Асоцијацијата натаму наведува дека жртвите во нападот „платија со своите животи поради изразувањето на своето мислење и поради извршувањето на најубавиот дел од (новинарската) работа – правото да ги искажуваат и шират своите идеи“.

– Сите заедно треба да застанеме против овие насилни напади, кои имаат за цел да не поделат и да не натераат да замолчиме. Затоа до некаде сите ние сме „Шарли Ебдо“, се истакнува во реакцијата на Асоцијацијата на балканските новински агенции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top