| четврток, 6 декември 2018 |

Д-р Јанкуловски: Појавата на ракот на дебелото црево е директно поврзана со возраста

Го­ле­ми ко­ли­чи­ни цр­ве­но ме­со, маст од жи­во­тин­ско по­тек­ло, на­ма­ле­но­то вне­су­ва­ње хра­на со влак­нест со­став се ед­ни од при­чи­ни­те по­ра­ди кои кар­ци­но­мот на де­бе­ло­то цре­во се по­вр­зу­ва со со­вре­ме­ни­от на­чин на ис­хра­на. Дру­ги над­во­реш­ни фа­кто­ри се пу­ше­ње­то и ал­ко­хо­лот, на­ма­ле­но­то вне­су­ва­ње ми­кро­е­ле­мен­ти и кал­ци­ум

Prof Dr Nikola Jankulovski (2)

Професор д-р Никола Јанкуловски е абдоменален хирург на Универзитетската клиника за абдоменална хирургија. Со него разговаравме за појавата на ракот на дебелето црево, за симптомите, за клиничката слика на заболените од овој карцином.

Ра­кот на де­бе­ло­то цре­во е трет кар­ци­ном спо­ред рас­про­стра­не­то­ста ди­јаг­но­сти­ци­ран кај ма­жи­те и кај же­ни­те во САД. Во Ма­ке­до­ни­ја во пос­лед­ни­те не­кол­ку го­ди­ни од рак на де­бе­ло­то цре­во уми­ра­ат двој­но по­ве­ќе лу­ѓе откол­ку пред де­се­ти­на го­ди­на. Кои се нај­че­сти­те при­чи­ни за ова за­бо­лу­ва­ње?

ЈАНКУЛОВСКИ:Во САД  ко­ло­ре­ктал­ни­от кар­ци­ном (КРК) е трет кар­ци­ном спо­ред рас­про­стра­не­то­ста, вед­наш по кар­ци­но­мот на бе­ли дро­бо­ви и кар­ци­ном на про­ста­та кај ма­жи, aкај же­ни пос­ле кар­ци­ном на бе­ли дро­бо­ви и кар­ци­ном на дој­ка. Слич­на е си­ту­а­ци­ја­та и со­од­но­сот во Ма­ке­до­ни­ја. При­чи­ни­те мо­же нај­ед­но­став­но да се по­де­лат на над­во­реш­ни и на вна­треш­ни. Над­во­реш­ни­те се фа­кто­ри­те на око­ли­на­та, до­де­ка вна­треш­ни­те се по­вр­за­ни со па­ци­ен­тот. Ми­гра­ци­ски­те и епи­де­ми­о­ло­шки­те сту­дии по­ка­жу­ва­ат де­ка со­вре­ме­ни­от, та­ка­на­ре­чен за­па­ден стил на жи­вот, е по­вр­зан со зго­ле­ме­ни­от број за­бо­ле­ни од кар­ци­ном на де­бе­ло­то цре­во. Со дру­ги збо­ро­ви, го­ле­ми ко­ли­чи­ни цр­ве­но ме­со, маст од жи­во­тин­ско по­тек­ло, на­ма­ле­но­то вне­су­ва­ње хра­на со влак­нест со­став се ед­ни од при­чи­ни­те по­ра­ди кои кар­ци­но­мот се по­вр­зу­ва со со­вре­ме­ни­от на­чин на ис­хра­на. Дру­ги над­во­реш­ни фа­кто­ри се пу­ше­ње­то и ал­ко­хо­лот, на­ма­ле­но­то вне­су­ва­ње ми­кро­е­ле­мен­ти и кал­ци­ум. Зго­ле­ме­на­та те­лес­на те­жи­на и на­ма­ле­на­та фи­зич­ка актив­ност се по­вр­за­ни со за­че­сте­на по­ја­ва на КРК. Од дру­га стра­на, и вна­треш­ни­те фа­кто­ри, ка­ко фа­ми­ли­јар­на­та анам­не­за, ге­нет­ска­та оп­то­ва­ре­ност со одре­де­ни му­та­ции ка­ко и инф­ла­ма­тор­ни­те бо­ле­сти на де­бе­ло­то цре­во прет­ста­ву­ва­ат ди­ре­ктен и си­лен фа­ктор на ри­зик за ко­ло­ре­кта­лен кар­ци­ном. Еден од вна­треш­ни­те фа­кто­ри е и во­зра­ста, од­нос­но ста­ре­е­ње­то. По­ја­ва­та на КРК е ди­рект­но по­вр­за­на со во­зра­ста. Де­ве­де­сет про­цен­ти од ди­јаг­но­сти­ци­ра­ни­те па­ци­ен­ти со кар­ци­ном на ко­лон и на ре­ктум се по­во­зрас­ни од 50 го­ди­ни, од­нос­но ри­зи­кот за  по­ја­ва на ко­ло­ре­кта­лен кар­ци­ном вер­ти­кал­но рас­те на во­зраст по­ви­со­ка од 50 го­ди­ни.

Ве­лат де­ка хе­мо­ро­и­ди­те се ма­ска за рак на де­бе­ло­то цре­во. Ка­ко би го ко­мен­ти­ра­ле ова твр­де­ње?

ЈАНКУЛОВСКИ: Хи­рур­зи­те , а и си­те ле­ка­ри до­би­ва­ат еду­ка­ци­ја да би­дат по­себ­но вни­ма­тел­ни ко­га па­ци­ен­тот има кр­ва­ве­ње од ди­ге­стив­ни­от тракт, кое се ма­ни­фе­сти­ра со крв во сто­ли­ца­та. По­сто­јат ни­за бо­ле­сти кај кои еден од симп­то­ми­те е по­ја­ва на крв во сто­ли­ца­та. Нај­че­сто ста­ну­ва збор за бе­ниг­ни бо­ле­сти  и освен одол­же­ни­те симп­то­ми, нив­но­то за­не­ма­ру­ва­ње не прет­ста­ву­ва по­го­лем ри­зик. Го­лем дел од па­ци­ен­ти­те и ле­ка­ри­те кр­ва­ве­ње­то би го от­пи­ша­ле на хе­мо­ро­и­дал­на­та бо­лест, мо­же­би по­ра­ди тра­ди­ци­ја­та и та­бу­и­зи­ра­ње­то на ре­ктал­ни­те прег­ле­ди кај на­ша­та по­пу­ла­ци­ја, ко­га е нај­лес­но да се ка­же де­ка се хе­мо­ро­и­ди без да се на­пра­ви прег­лед и да се под­ло­жи на „не­при­јат­ни” ис­пи­ту­ва­ња. Се­пак, тоа е мо­мен­тот ко­га тре­ба да се обр­не по­себ­но вни­ма­ние и да се на­пра­ви це­ло­сен прег­лед. Кр­ва­ве­ње­то е и ед­на од нај­че­сти­те пр­вич­ни ма­ни­фе­ста­ции на ко­ло­ре­ктал­ни­от кар­ци­ном. За­тоа тре­ба да се  по­чи­ту­ва­ат па­те­ки­те и про­то­ко­ли­те за ис­пи­ту­ва­ње кр­ва­ве­ње од дол­ни­от дел на ди­ге­стив­ни­от тракт, кај по­пу­ла­ци­ја по­во­зрас­на од 50 го­ди­ни прег­лед на де­бе­ло­то цре­во нај­мал­ку до 30 сан­ти­ме­три од ану­сот или ре­кто­сиг­мо­и­до­ско­пи­ја, а об­вр­зу­вач­ки ко­ло­но­скоп­ски прег­лед кај по­пу­ла­ци­ја по­во­зрас­на од 50 го­ди­ни кај кои се ја­ви­ло вид­ли­во кр­ва­ре­ње од до­лен дел на ди­ге­стив­ни­от тракт. Со ова се до­ка­жу­ва по­сто­е­ње­то хе­мо­ро­и­дал­на­та бо­лест и исто­вре­ме­но се иск­лу­чу­ва по­сто­е­ње­то ко­ло­ре­кта­лен кар­ци­ном кај па­ци­ен­тот. До­кол­ку се по­ста­пу­ва на овој на­чин, хе­мо­ро­и­ди­те не би прет­ста­ву­ва­ле ма­ска за КРК.

Ка­ква е кли­нич­ка­та сли­ка на за­бо­ле­ни­те од овој кар­ци­ном?

ЈАНКУЛОВСКИ: Не­ма кла­сич­на кли­нич­ка сли­ка во ра­на­та фа­за на ко­ло­ре­кта­лен кар­ци­ном. Дол­го вре­ме пред зна­чи­тел­но да се раз­вие кар­ци­но­мот има са­мо нес­пе­ци­фич­ни и не­јас­ни симп­то­ми, кои се нај­че­сто ка­ко не­при­јат­ност и по­вре­ме­ни гр­че­ви­ти бол­ки со мал ин­тен­зи­тет, по­на­та­му мо­же да се ја­ват епи­зо­ди на кр­ва­ве­ње во из­ме­тот, чув­ство на на­ду­е­ност и по­сил­ни гр­че­ви­ти бол­ки. Сла­бост, ма­ла­кса­ност и гу­бе­ње те­лес­на те­жи­на се ја­ву­ва­ат ка­ко ре­зул­тат на ане­ми­ја и на­пре­ду­ва­ње на бо­ле­ста, а ка­ко ре­зул­тат на  мно­гу на­пред­на­та бо­лест се ја­ву­ва­ат иле­ус – оп­струк­ци­ја на де­бе­ло­то цре­во, по­ја­ва на зна­чи­тел­но кр­ва­ре­ње при де­фе­ка­ци­ја , пер­фо­ра­ции и по­ја­ва на фи­сту­ли (не­при­род­ни спон­та­ни отво­ри) со окол­ни­те ор­га­ни или на по­вр­ши­на­та на ко­жа­та.

Да­ли нас­лед­ни­от фа­ктор е пре­су­ден кај ова за­бо­лу­ва­ње? Кои се дру­ги­те фа­кто­ри на ри­зик?

ЈАНКУЛОВСКИ: Ка­ко што спом­нав, еден од вна­треш­ни­те фа­кто­ри, од­нос­но фа­кто­ри по­вр­за­ни со па­ци­ен­тот, е и ге­нет­ски­от фа­ктор. Кар­ци­но­мот на ко­лон кај 70 про­цен­ти од по­пу­ла­ци­ја­та се ја­ву­ва спо­ра­дич­но, до­де­ка 30 про­цен­ти од па­ци­ен­ти­те со ко­ло­ре­кта­лен кар­ци­ном има­ат фа­ми­ли­јар­на анам­не­за за КРК. Кај нив е зго­ле­мен ри­зи­кот за до­би­ва­ње кар­ци­ном – кај це­ла­та по­пу­ла­ци­ја жи­вот­ни­от ри­зик да се до­бие КРК из­не­су­ва шест про­цен­ти, до­де­ка кај па­ци­ен­ти  со еден род­ни­на од пр­во ко­ле­но, кој имал КРК из­не­су­ва 12 про­цен­ти, а кај па­ци­ен­ти со двај­ца род­ни­ни од пр­во ко­ле­но со КРК тој ри­зик из­не­су­ва ду­ри 35 про­цен­ти. Од ова мо­же да се ви­ди кол­ку е по­го­лем ри­зи­кот кај ге­нет­ски оп­то­ва­ре­ни­те фа­ми­лии и зо­што не тре­ба да се од­бег­ну­ва ске­ни­ра­ње­то и ра­ни­те прег­ле­ди кај овие па­ци­ен­ти. Ина­ку, по­сто­јат мно­гу ге­нет­ски му­та­ции што пре­диз­ви­ку­ва­ат ра­на по­ја­ва на кар­ци­ном на ко­лон. Ед­на од нив е фа­ми­ли­јар­на­та аде­но­ма­тоз­на по­ли­по­за, ко­ја се ка­ра­кте­ри­зи­ра со по­ја­ва на по­ли­пи во ко­ло­нот, но и на дру­ги де­ло­ви на ди­ге­стив­ни­от тракт, кај неа ри­зи­кот да се до­бие КРК до 50-го­диш­на во­зраст из­не­су­ва 100 про­цен­ти.

Во Ма­ке­до­ни­ја се ра­бо­ти и ске­ни­ра­ње за ра­но откри­ва­ње на ра­кот на де­бе­ло­то цре­во. Те­сто­ви­те мо­же да се по­диг­нат кај ма­тич­ни­те ле­ка­ри, или во цен­три­те за јав­но здрав­је. Кол­ку ске­ни­ра­ње­то по­ма­га во ра­но­то откри­ва­ње на овој кар­ци­ном?

ЈАНКУЛОВСКИ: Тре­ба да се раз­бе­ре де­ка тоа ске­ни­ра­ње што го спо­ме­на­вте е ске­ни­ра­ње за по­ја­ва на окулт­но (не­вид­ли­во) кр­ва­ве­ње во из­ме­тот и не тре­ба да се упо­тре­бу­ва ко­га има­ме ве­ќе вид­ли­во кр­ва­ве­ње – овие па­ци­ен­ти тре­ба ди­рект­но да се упа­тат на ен­до­скоп­ско ис­пи­ту­ва­ње. Те­стот да­ва на­со­ка кој дел од по­пу­ла­ци­ја­та да под­ле­жи кон на­та­мош­ни ис­пи­ту­ва­ња, кои би до­ка­жа­ле при­сус­тво или отсус­тво на КРК. Те­стот што се из­ве­ду­ва е нес­пе­ци­фи­чен и не по­ка­жу­ва де­ка по­стои кар­ци­ном на ко­лон до­кол­ку е по­зи­ти­вен, тој по­ка­жу­ва де­ка има тра­ги на крв во сто­ли­ца­та и де­ка тој па­ци­ент тре­ба да се упа­ти на ко­ло­но­скоп­ско ис­пи­ту­ва­ње. Пред сѐ, те­стот тре­ба да се из­ве­де пра­вил­но и па­ци­ен­тот тре­ба да би­де под­го­твен пра­вил­но. Те­стот мо­же да се по­ка­же по­зи­ти­вен до­кол­ку не­ма пра­вил­на под­го­то­вка и из­ве­ду­ва­ње на те­стот, а да не­ма ни­ка­ква про­ме­на на де­бе­ло­то цре­во. Исто та­ка, и про­ме­ни што се на по­гор­ни­те ка­то­ви на ди­ге­стив­ни­от тракт мо­же да да­дат по­зи­ти­вен тест. Се­пак,  те­стот е од осо­бе­но зна­че­ње и до­кол­ку пра­вил­но се упо­тре­бу­ва се до­би­ва­ат на­со­ки и се изд­во­ју­ва дел од це­ла­та по­пу­ла­ци­ја, ко­ја по­на­та­му се сле­ди и ис­пи­ту­ва, во све­тот е при­фа­тен ка­ко прв че­кор од про­гра­ми­те за ске­ни­ра­ње и ве­ќе со го­ди­ни игра зна­чај­на уло­га.

Ка­ква хра­на се пре­по­ра­чу­ва про­тив кар­ци­ном на де­бе­ло­то цре­во?

ЈАНКУЛОВСКИ: На по­че­то­кот збо­ру­вав­ме за над­во­реш­ни и за вна­треш­ни фа­кто­ри на ри­зик кај КРК. Еден од над­во­реш­ни­те фа­кто­ри е ис­хра­на­та, са­мо­то тоа што ста­ну­ва збор за над­во­ре­шен фа­ктор збо­ру­ва де­ка е и еден од фа­кто­ри­те што мо­же­ме да ги кон­тро­ли­ра­ме или да ги из­ме­ни­ме во на­ша пол­за.

Упо­тре­ба­та на ма­сти од жи­во­тин­ско по­тек­ло, кои се не­за­си­те­ни (нај­че­сто кај ри­ба), упо­тре­ба на овош­је и на зе­лен­чук што со­др­жат го­лем про­цент на рас­ти­тел­ни влак­на, но и го­лем про­цент на ан­ти­о­кси­дан­си и ан­ти­про­ли­фе­ра­тив­ни со­стој­ки (изо­ци­ја­на­ти кај бро­ку­ла­та) се по­вр­за­ни со на­ма­лу­ва­ње на ри­зи­кот од кар­ци­ном на ко­лон. Поз­на­то е де­ка не­кои ви­та­ми­ни  (А, Ц, и Е), пред сѐ, пре­ку сво­е­то ан­ти­о­кси­да­тив­но дејс­тво, има­ат про­те­ктив­ни ефе­кти, кал­ци­у­мот, ми­кро­е­ле­мен­ти­те ка­ко цин­кот спа­ѓа­ат во ну­три­тив­ни­те фа­кто­ри со за­штит­но дејс­тво во од­нос на КРК. И, се­ка­ко, тре­ба да се спо­ме­не де­ка са­мо еден дел од здра­ви­от на­чин на жи­вот е ис­хра­на­та, не тре­ба да се за­не­ма­ри и уло­га­та на фи­зич­ка­та актив­ност и неј­зи­ни­те по­вол­ни вли­ја­ни­ја на це­ли­от ор­га­ни­зам и на си­те функ­ции вклу­чу­вај­ќи ја и про­те­ктив­на­та про­тив си­те ма­лиг­ни бо­ле­сти.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: Але­ксан­дар Ива­нов­ски

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top