| четврток, 6 декември 2018 |

Селмани: Кукавички злочин против слободата, мирот и братството

Naser-Selmani-(8)Претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, Насер Селмани, денеска го осуди убиството на колегите од францускиот магазин „Шарли Хебдо“, оценувајќи го како кукавички злочин против слободата, мирот и братството меѓу луѓето.

– Тажен сум поради бруталното убиство на колегите од францускиот магазин „Шарли ебдо“. Кукавички злочин против слободата, мирот и братството меѓу луѓето – вели Селмани изразувајќи сочувство за семејствата на убиените колеги и силна солидарност со нашиот пријателски француски народ.

Селмани посочува дека да убиеш во името на Бога не е само кукавички обид да се оправда злосторството, туку е обид да се убие љубовта и толеранцијата во нашите срца и да нѐ направат робови на омразата и расколот.

– Сечиј живот е свет затоа што е дарба од Бога и никој нема право да посегне по него. Севишниот Господ во Куран го проколнува и презира убиството – вели Селмани.

Додава дека во поглавјето Ел Ниса, стихот 93 Господ се вели: „Секој што свесно убива верник, казната против него ќе биде Пеколот, каде што вечно ќе престојува, Господ е гневен на него, и го проколнува, и има подготвено страшна казна“.

– Иста осуда за убиството има и во поглавјето Ел Маиде, стихот 32: „Затоа, ние на децата на Израел им објавивме дека секој што убива човек којшто не извршил некое убиство или страшен злостор, да се смета како да ги убивал сите луѓе. И секој што ќе поштеди еден живот, да биде како да го поштедил животот на сите луѓе – нагласува Селмани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top