Македонскиот рапер Марко Маринковиќ-Слаткаристика продолжува со освојувањето на бугарскиот музички пазар. За следниот период се закажани два настапи на Слаткаристика во Бугарија. Првиот е веќе задутре, 10 јануари, во дискотеката „Џекс хаус“.
Вториот, пак, оној поголемиот е закажан за 20 јануари, во концертната сала на клубот „Микстејп 5“ во Софија. На двата концерти како специјален гостин е најавен еден од најпознатите бугарски рапери Ицо Хазарта од „Upsurd“.
Слаткаристика пред неполни два месеци го промовираше видеоспотот за новата песна „Бумеранг,“ кој беше реализирано од бугарската продукција „Facing The Sun“, во копродукција со „Иноватива груп“. Со него раперот влезе во групата на „One Shot“ видеоедицијата, како единствен странец досега.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




