По сѐ изгледа дека основачот на „Си-Ен-Ен“, Тед Тарнер, не се шегувал кога пред 34 години ветил дека каналот ќе се емитува до крајот на светот. Сега станува јасно дека телевизијата има подготвено специјално видео точно за тој ден. Тоа излезе на виделина благодарение на поранешниот практикант во медиумот Мајкл Балабан. Неодамна тој распространи запис, кој по неговите зборови се чува во архивата на „Си-Ен-Ен“ со натпис „да не се објавуваат пред крај на светот да биде потврден“, соопштуива „Дејли меил“.
На видеото воен оркестар ја свири песната „Nearer my God to thee“, за која се смета дека свирела за време на потонувањето на „Титаник“.
До моментов од „Си-Ен-Ен“ не го коментирале спотот за кој се шират гласини веќе 25 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



