| четврток, 6 декември 2018 |

МОБ го најавува Василичарскиот концерт

Македонската опера и балет ја продолжува традицијата со концертот по повод празникот „Василица“. Во понеделник, 12 и вторник,13 јануари, 2015 ке се одржат два концерти насловени како „НАЈДОБРОТО ОД НАЈДОБРИТЕ“. Се работи за колаж на најдобрите нумери од трите поранешни концерти „Swing&Jazz“; „Македонски евергрин“ и „Филмски ноти“. Ќе настапат ѕвездите од естрадата: Каролина Гочева, Тамара Тодевска, Тијана Дапчевиќ, Влатко Лозановски, Нина Јанева, Сара Мејс, Александра Јанева, Ѓоко Танески,Џон Илија Апелгрен, , Маја Гроздановска – Панчева, Дејан Бобиќ – Дексо,Горан Наумовски, , Горан Папаз, Марија Димитријевиќ, Александар Тарабунов и оперските солисти, Владимир Саздовски, Сандра Митровска, Марјан Стојановски, Наде Талевска-Спасовска, Ѓорѓи Цуцковски, Весна Гиновска-Илкова, хорот и оркестарот на МОБ

Диригент: Бисера Чадловска

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top