Меѓу 12-те жртви во терористичкиот напад во Париз е и осумдесетгодишниот карикатурист Жорж Волински, чие име со децении се изговара со големо почитување кај француските љубители на стрипот.
Неговата мајка била Еврејка од Тунис, а татко му бил Евреин од Полска. Бегајќи од прогонот на Евреите, тие од Франција се преселиле во Тунис, каде што бил роден Жорж во 1934 година. Во Тунис отвориле мала продавница која се занимавала со преработка на железо. Неговиот татко во 1936 година го убил еден незадоволен граѓанин. Иако Жорж тогаш бил многу мал, на својата сопруга, многу години подоцна и рекол „Духот на татко ми ќе ме прогонува цел живот“.
Жорж се вработил во пекарата на својот дедо, а потоа со мајка му, по завршување на Втората светска војна се вратил во Франција. Таму завршил уметничко училиште, а потоа служел војска во Алжир. Додека бил во војска во Сахара, сосема случајно го запознал францускиот стрип цртач и карикатурист Роланд Топора, кој работел за весникот „Хара-Кири“. Тоа пријателство му помогнало по враќањето од Алжир да почне да црта карикатури „Хара-Кири“.
За време на студентските протести во 1968 година Волински и стрип-цртачот Морис Сине заедно го основале сатиричното списание „Енраж“. Во седумдесетите години соработувал со лелендата на францускиот стрип Жорж Пишар. Неговите карикатури ги објавија весниците „Либерасион“, „Пари-Меч“ и „Шарли ебдо“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.