Младата американска пејачка Селена Гомез, за време на нејзиниот престој во Дубаи, се запозна со босанскиот фудбалер Сејад Салиховиќ, кој во исто време одморот го поминувал во арапскиот град. Двајцата ги поминале останатите денови од одморот заедно.
Гомез и Салиховиќ со нивните пријатели биле заедно да јаваат на камили низ пустината, а подоцна само двајцата имале и романтична вечера. Според американските медиуми, пејачката била одушевена од фудбалерот на германски Хофенхајм бидејќи многу се разликувал од нејзиното последно момче, тинејџерската сензација Џастин Бибер.
Според изјавите на нејзините пријатели, Босанецот се однесувал далеку позрело од пејачот и, што е најважно, за разлика од Бибер, не бил женкар.
Салиховиќ, исто како и Селена, е роден во 1992 година. Тој потекнува од Зворник, БиХ, но поради војната уште како дете со семејството се преселил во Берлин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.