Најмладиот осомничен за нападот на редакцијата на магазинот „Шарли ебдо“ ѝ се предал на полицијата додека потерата по останатите двајца терористи сѐ уште трае, пишува францускиот весник „Либерасион“. Како што наведува весникот Намид Мурад (18), се јавил во полициската станица во близина на границата со Белгија, кога го слушнал своето име во медиумите.
Одделни француски медиуми наведуваат дека изјавил оти е невин и дека бил во училиште за време на нападот во кој се убиени 12 лица. Истовремено, француската полиција објави фотографии од двајцата бегалци, браќата Саид (34) и Шериф Куачи (32), за кои се верува дека го извршиле масакрот во „Шарл ебдо“. Полицијата предупреди дека тие двајца најверојатно се вооружени со тешко вооружување и дека се опасни. Како што соопштија, браќата Куачи се поврзани со една јеменска терористичка мрежа, а помладиот брат Шериф порано бил осудуван поради поврзаност со тероризам.
Како што пишуваат медиумите, тие двајца се идентификувани со помош на личната карта пронајдена во возилото со кое побегнале од полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.