Македонија со 6,7 бода се најде на третото место на листата на најгостопримливи земји во светот за туристи, заедно со Мароко, Австрија и со Сенегал, што на почетокот на месецов ја објави Светскиот економски форум, пренесе „Си-Ен-Ен“.
Во вкупниот ранг на најгостопримливи земји на прво место е Исланд, со 6,8 бода, колку што има и Нов Зеланд на второто место.
Во извештајот за конкурентноста на туристичките земји во 2013 година влегоа 140 земји од светот.
Една од главните ставки во широката анализа беше категоријата „однос на граѓаните кон туризмот“.
На шесто место се наоѓа Португалија со 6,8 бода, колку што имаат и БиХ, Ирска и Буркина Фасо, пишува „Си-Ен-Ен“.
Листата на најмалку гостопримливи земји ја предводи Боливија со 4,1 бода. По неа следуваат Венецуела, Русија, Кувајт, Иран, Пакистан, Словачка, Бугарија и Монголија на последното место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
180.000 туристи блокирани: До најпопуларните грчки острови денеска нема одење, прашање е кога ќе може
-
Туристите збунети, Грците се изгубија во преводот на таблите (Фото)
-
Нови студиски програми на англиски јазик на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид (видео)
-
Размислете за Италија, Владата подарува вили и замоци


