Училиштата во повеќе општини во грчката престолнина Атина денеска ќе бидат затворени поради студот, јави националното радио.
Поради истите причини, настава нема да има ниту во училиштата во некои реони на Северна Грција. Властите предупредуваат дека поради голомразица автомобилите треба да носат синџири. Силен студ го зафати целиот средоземноморски остров Кипар, пишуваат весниците во Никозија.
Температурата во островската држава денеска се очекува уште повеќе да опадне, пишува весникот „Филефтерос“.
Синоптичарите предупредуваат дека студот ќе трае и во наредните два дена.
Поради студот и снегот, многу реони се отцепени од светот. Десетици патишта се затворени, а училиштата не работат.
Снежната покривка во престолнината Никозија вчера изнесувала 20 сантиметри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција