Утринава насекаде во земјава е многу студено, а најниската измерена температура на воздухот се движеше од -17 степени во Берово до -8 во Гевгелија, а во Дојран е измерена -7 степени и предизвика смрзнување на Дојранско Езеро до 2 см длабочина.
Измерена температура во 7 часот: -17 степени во Берово, -15 Тетово, -14 Куманово и Маврово,-13 Битола и Кр. Паланка, -12 Скопје – Петровец и Прилеп, -11 Скопје – Зајчев Рид, Д. Капија и Лазарополе, -10 Штип, Охрид, Кавадарци, Струмица, Виница и Крушево, -9 Претор, -8 Гевгелија до -6 во Дојран.
Според УХМР, денеска нѐ очекува сончево и релативно студено со мала до умерена облачност и со слаб ветер претежно од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервалот од -4 до 4 степени.
Скопје слично време со температура до 1 степен.
И в петок ќе се задржи стабилно време со ниска утринска температура, а дневните ќе бидат во благ пораст. Во деновите од викендот ќе има значителен пораст на температурата. В сабота и в недела кон крајот на денот можна е појава на локален дожд. Значителна промена на времето се очекува в недела во текот на ноќта и во понеделник со засилен северен ветер, нагло опаѓање на температурата и врнежи претежно од снег.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.