
Претставниците на меѓународните кредитори на Грција денеска си заминуваат од Атина без финален договор со грчката влада за повеќе структурни реформи.
Грчката страна тврди дека паузата во преговорите нема да предизвика проблеми со доделувањето на следната рата од заемот за земјата. На вчерашниот состанок на премиерот Андонис Самарас со претставниците на ММФ, ЕК и ЕЦБ не беше постигнат договор за намалувањето на бројот на јавните службеници и планот за исплата на фирмите и поединците што должат пари за социјално осигурување.
И покрај застојот во преговорите, грчкиот министер за финансии, Јанис Стурнарас, инсистира на тоа дека двете страни се блиску до договор и оти не е загрозена следната рата од заемот за Грција во вредност од 2,8милијарди евра .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот


