Поради покачена температура и компликации по операцијата на бубрегот, босанската ѕведа времето по минува под надзор на лекарите за Клиничкиот центар во Загреб.
На Монтено, кој кон средината на декември беше подложен на трансплантација на бубрегот, му се слошило пред празниците.
Наместо во Шпанија каде требало да замине на краток одмор, но и да настапи за Нова година, Кемал повторно заминал во болница.
-Покачената температура во вакви ситуации не е добра и може да придонесе до отфрлување на органот. По пресадување на бубрегот пациентите мора да се чуваат за да не добијат инфекција. Кемал е сега добро, нема повеќе температура. Докторите сепак му препорачаа уште некое време да остане во болница, каде ќе му бидат направени детални анализи, вели за Јутарњи лист еден од пријателите на пејачот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.