Светските медиуми јавија дека терористите најпрвин ја згрешиле просторијата на магазинот „Шарли ебдо“, јавува „Канал 5“. Откако ја напуштиле просторијата во која најпрвин влегле, се упатиле во просториите на магазинот, каде под принува ја натерале новинарката Корин Rеј да ја отвори вратата. Откако влегле во проториите на уредништвото ги прозивале еден по еден новинарите и ги застрелале.
Некои новински агенции јавуваат дека терористите пред да заминат од местото на злосторството извикале: Пророкот е одмазден!
Од досега непотврдени извори агенциите јавуваат дека еден од терористите на сведок му рекол: На медиумите ќе им кажеш дека ова го направи Ал Каеда од Јемен!.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.