| четврток, 6 декември 2018 |

Терористите ги прозивале жртвите пред да ги застрелаат

Стефан Шарбоние, Жорж Волински, Бернар Верлак и Жан Кабу се четворицата новинари и карикатуристи од магазинот „Шарли Ебдо“ кои денеска беа застрелани во терористичкиот напад во Париз.

Двајцата терористи кои биле маскирани утринава влетале во просториите на весникот и додека траел колегиумот ги прозивале жртвите и ги застрелале. Шарбоние (47), попознат како Шарб беше уредник на магазинот, Волински објавува карикатури уште од 1960 година, а меѓу жртвите се и Верлак и Кабу.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top