| четврток, 6 декември 2018 |

Светските велесили го осудија нападот во Франција, ИД го пофали

ОН

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун изрази денеска огорченост поради, како што рече „ужасниот терористички напад“ врз просториите на францускиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“ во Париз, во кој беа убиени 12 лица.

Тој нападот го оцени како ужасно и бесчувствително злосторство, кое не може со ништо да се оправда. 

– Намерата на овој ужасен напад е да се предизвикаат поделби, изјави Бан и додаде дека не смее да се западне во таа замка. 

Во денешниот напад врз редакцијата на неделникот загинаа најмалку 12 лица, од кои десет се новинари и тоа е најсмртоносниот напад во историјата на француските печатени медиуми. Се очекува Советот за безбедност на ОН денеска да објави декларација во врска со нападот. 

Американскиот претседател Барак Обама, канадскиот премиер Стивен Харпер и Ватикан исто така го осудија нападот, во кој загинаа четворица од водечките карикатуристи на неделникот, меѓу кои и главиот уредник  Стефан Шарб . 
– Франција е најстариот сојузник на САД и стои рамо до рамо со САД во борбата против терористите, кои претставуваат закана за нашата безбедност и за безбедноста на светот, истакна американскиот претседател. 
Ватикан остро го осуди нападот, кој го означи како грозоморен, изјави заменик-портпаролот на Светата стоица, Чиро Бенедитини. 
Претседателот на Парламентарното собраниена Советот на Европа Ен Брасер најостро го осуди нападот.
– Длабоко сум шокирана од овој терористчки акт, нагласи таа. 
Во меѓувреме припадник на џихадистичката организацијата Исламска држава го пофали денеска нападот врз францускиот сатиричен неделник и изјави за агенцијата Ројтерс дека тоа е одмазда за навредите кон исламот, јави Танјуг. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top