
За Боркица Груевска, сопругата на македонскиот премиер Никола Груевски новата 2015 година ќе биде среќна, весела, бериќетна бидејќи паричката од бадниковото лепче таа ја добила, објави порталот „Курир“.
Паричката во семејството на претседателот Ѓорге Иванов се паднала во домот, додека кај семејството на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски кај ќерката Ивана.
Иванов и Вељаноски денеска присуствуваа на Божиќна литургија во Соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје, додека премиерот Груевски присуствуваше на Божиќна литургија во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово.
-Христос се роди, навистина се роди. Нека е за многу години и нека денешниот празник ни носи здравје, повеќе успеси, нека ни носи повеќе работни места во државата, поголема благосостојба, поголема хармонија и меѓусебно разбирање, изјави премиерот Груевски по божиќната литургија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


