| четврток, 6 декември 2018 |

Битка на двете легенди на Барселона, Меси во предност пред Енрике

Во Барселона врие како во кошничка, а фудбалскиот гигант се тресе од битката меѓу двете легенди на клубот Лионел Меси и Луис Енрике. Аргентинскиот ас е незадоволен од односот и начинот на кој Енрике ја предводи Барселона од клупата, а чашата од горчина се прели со поразот од Реал Сосиедад. Меси влезе во игра како резерва, но не успеа да спречи пораз, по што дојде до отворена битка со тренерот.

Mesi

Навивачите се на страната на Меси, а според шпанските медиуми Управата на Барселона му дала рок на Енрике да ги среди односите во кус рок. Следните два меча, против Елче утре во шпанскиот куп и со шампионот Атлетико Мадрид во првенството во недела, можат да бидат клучни за разврска.

Енрике го демантираше ултиматумот, но Меси се уште е незадоволен, па проблемот не е разрешен. Се најавува и заминување на Аргентинецот во Челси, ПСЖ или Манчестер сити, доколку на клупата на Барселона остане Луис Енрике.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top