| четврток, 6 декември 2018 |

Детроит со звукот на сирената го победи шампионот Сан Антонио (видео)

detroit

Шампионот на НБА лигата Сан Антонио Спарс синоќа на домашен паркет беше поразен од Детроит со 104-105. Иако во првиот кошаркарите на Грег Поповиќ имаа предност и од 16 поени разлика, не успеаа до крајот да ја сочуваат и заслужено го изгубија натпреварот. Во последниот напад на осум секунди до крајот Сан Антонио имаше предност од еден поен, но брзоплето го изведоа аутот,а тоа го искористија кошаркарите на Детроиот кои поентираа преку Брендон Џенингс со звукот на сирената.
Сан Антонио не е во препознатливата шампионска форма од минатата година и со ваква игра тешко дека ќе може да го одбрани шампионскиот прстен.
Сепак враќањето на Тони Паркер во тимот по повредата може многу да смени и Сан Антонио да тргне во серија од неколку победи.
Андре Драмонд беше одличен со и 20 поени и 17 скока ги преводеше Детроит до победа, а двоен ефект имаше и Грег Монро со 17 поени и 11 скока. Кај домаќините најефикасен беше резервистот Џеф Ајрес со 16 поени.

Гостите славеа и на вториот натпревар од синоќа. Феникс се радуваше на теренот на Милвоки со 102-96, а најзаслужен за победата беше Маркиф Морис со 26 поени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top