| четврток, 6 декември 2018 |

Бен­зи­нот по­е­вти­ни, но сè друго е со иста це­на

На­фта­та на свет­ски­те бер­зи од пре­ку 100 до­ла­ри за ба­рел во ју­ни пад­на на око­лу 60 до­ла­ри за ба­рел. Па­дот е ком­би­на­ци­ја од не­кол­ку фа­кто­ри. Пре­за­си­тен гло­ба­лен па­зар по­ра­ди бум во експ­ло­а­та­ци­ја­та на на­фта од шкрил­ци во САД, бав­но гло­бал­но сто­панс­тво со на­ма­ле­на по­ба­ру­вач­ка, ка­ко и смис­ле­но ури­ва­ње на це­на­та ка­ко еко­ном­ско оруж­је на За­па­дот про­тив Ру­си­ја, ко­ја по­ло­ви­на од бу­џе­тот го до­би­ва од из­во­зот на на­фта и на гас. Да­ли па­дот на це­ни­те на го­ри­ва­та ќе про­дол­жи и во на­ред­ни­те ме­се­ци, поч­ну­ва да ста­ну­ва мал­ку не­из­вес­но би­деј­ќи це­на­та на на­фта­та на свет­ски­те бер­зи за­бе­ле­жи по­раст за око­лу по­ло­ви­на до­лар, ка­ко ре­зул­тат на по­зи­тив­ни­те гло­бал­ни ре­зул­та­ти во пре­ра­бо­ту­вач­ки­от се­ктор

gas-prices-down

По­ло­ви­на ме­сец пред по­че­то­кот на 2015 го­ди­на во­за­чи­те беа изра­ду­ва­ни со ви­стин­ски до­бра вест, на­ма­лу­ва­ње на це­на­та на бен­зи­ни­те за 4,5 де­на­ри за ли­тар, а на ди­зе­лот за 4 де­на­ри. Тоа што е си­гур­но е де­ка до­маш­ни­от бу­џет ќе по­чув­ству­ва при­до­би­вки од по­е­вти­но пол­не­ње на ре­зер­во­а­ри­те и од во­зе­ње по­ве­ќе ки­ло­ме­три со исти­те, но изг­ле­да де­ка по­зи­тив­ни­те ефе­кти од по­е­вти­ну­ва­ње­то на го­ри­ва­та пре­ста­ну­ва­ат ту­ка. Тоа што ги ин­те­ре­си­ра си­те, це­ни­те на пре­хран­бе­ни­те про­из­во­ди оста­ну­ва­ат на се­гаш­но­то ни­во. Кон­крет­ни нај­а­ви за на­ма­лу­ва­ње на це­ни­те на дру­ги­те про­из­во­ди и ус­лу­ги од сто­панс­тве­ни­ци­те за­се­га не­ма. И тр­гов­ци­те, и про­из­во­ди­те­ли­те, и транс­пор­те­ри­те се ед­ног­лас­ни де­ка по­е­вти­ну­ва­ња не­ма да има би­деј­ќи и до­се­га ра­бо­те­ле на гра­ни­ца­та на рен­та­бил­но­ста. Од­го­вор­но­ста за тоа што не­ма да се на­ма­лат це­ни­те на про­из­во­ди­те се пре­фр­ла од еден на друг.

– Це­на­та на про­из­во­ди­те, глав­но, за­ви­си од про­из­во­ди­те­ли­те, а до­се­га од нив не­ма ни­ка­кви нај­а­ви за евен­ту­ал­ни по­е­вти­ну­ва­ња на про­из­во­ди­те. И она­ка во тр­ка­та за по­тро­шу­ва­чи мно­гу од нас ра­бо­тат со ма­ла мар­жи и на гра­ни­ца­та на одрж­ли­вост, та­ка што не­ма про­стор за пад на це­ни­те – ве­лат тр­гов­ци­те.

Про­из­во­ди­те­ли­те со свој став.

– Це­на­та на го­ри­ва­та е про­мен­ли­ва ка­те­го­ри­ја. Мо­же­би трен­дот на пад на це­ни­те на не­ма да про­дол­жи, па ние не мо­же­ме на се­кои две не­де­ли да ги ко­ри­ги­ра­ме це­ни­те на про­из­во­ди­те. Плус тоа, си­те тро­шо­ци на ра­бо­те­ње ни се зго­ле­ме­ни, па ед­но­став­но не­ма про­стор за на­ма­лу­ва­ње на це­ни­те – ве­лат дел од про­из­во­ди­те­ли­те.

Од Со­ју­зот на сто­пан­ски­те ко­мо­ри сме­та­ат де­ка на­ма­лу­ва­ње­то на це­ни­те на го­ри­ва­та не­ма да се одра­зи по­зи­тив­но врз па­дот на це­ни­те на про­из­во­ди­те.

– Евен­ту­ал­но, би мо­же­ло да дој­де да на­ма­лу­ва­ње на це­ни­те во транс­порт­ни­от се­ктор, ка­де што го­ри­ва­та се до­ми­нант­ни. Ту­ка е и зем­јо­делс­тво­то, ка­де што ди­зе­лот се ко­ри­сти за обра­бо­тка на зем­ја­та. Во се­кто­ри­те во кои до­ми­ни­ра упо­тре­ба­та на еле­ктрич­на­та енер­ги­ја, по­е­вти­ну­ва­ње­то на го­ри­ва­та не­ма да има ефект врз це­на­та на фи­нал­ни­те про­из­во­ди – ве­ли Ми­тко Але­ксов од ССКМ.

Транс­пор­те­ри­те, пак, ве­лат де­ка ова е шан­са да обез­бе­дат не­ка­ков про­фит би­деј­ќи нив­ни­те це­ни до­се­га не би­ле на рен­та­бил­но ни­во.

– Се­ко­гаш ко­га се на­ма­лу­ва­ат це­ни­те на го­ри­ва­та, вед­наш се ба­ра на­ма­лу­ва­ње и на це­ни­те на транс­порт­ни­те ус­лу­ги, а ни­ко­гаш не се оста­ва про­стор ко­га се зго­ле­му­ва вред­но­ста на го­ри­ва­та, да се по­ка­чат це­ни­те. И овие це­ни со кои се­га ра­бо­ти­ме се да­ле­ку од рен­та­бил­ни­те, па ед­вај ус­пе­ва­ме да го об­но­ви­ме и одр­жу­ва­ме воз­ни­от парк, а кол­ку е тој по­стар, тол­ку се по­го­ле­ми тро­шо­ци­те за нив­но одр­жу­ва­ње –  ве­ли Бил­ја­на Му­ра­тов­ска од „Ма­кам транс“.

За се­дум ме­се­ци, ре­гу­ла­то­ри­те за енер­ге­ти­ка ду­ри еди­на­е­сет па­ти до­не­ле од­лу­ка за на­ма­лу­ва­ње на це­ни­те на го­ри­ва­та, а са­мо ед­наш за нив­но по­ка­чу­ва­ње. Та­ка, бен­зи­ни­те од 83 де­на­ри за ли­тар ле­то­во, се­га се про­да­ва­ат за 67, а ди­зе­лот за 56 де­на­ри.

На­фта­та на свет­ски­те бер­зи од пре­ку 100 до­ла­ри за ба­рел во ју­ни пад­на на око­лу 60 до­ла­ри за ба­рел. Па­дот е ком­би­на­ци­ја од не­кол­ку фа­кто­ри. Пре­за­си­тен гло­ба­лен па­зар по­ра­ди бум во експ­ло­а­та­ци­ја­та на на­фта од шкрил­ци во САД, бав­но гло­бал­но сто­панс­тво со на­ма­ле­на по­ба­ру­вач­ка, ка­ко и смис­ле­но ури­ва­ње на це­на­та ка­ко еко­ном­ско оруж­је на За­па­дот про­тив Ру­си­ја, ко­ја по­ло­ви­на од бу­џе­тот го до­би­ва од из­во­зот на на­фта и на гас. Да­ли па­дот на це­ни­те на го­ри­ва­та ќе про­дол­жи и во на­ред­ни­те ме­се­ци, поч­ну­ва да ста­ну­ва мал­ку не­из­вес­но. Име­но, ка­ко што пре­не­су­ва­ат ме­ди­у­ми­те, це­на­та на на­фта­та на свет­ски­те бер­зи за­бе­ле­жи по­раст за око­лу по­ло­ви­на до­лар, ка­ко ре­зул­тат на по­зи­тив­ни­те гло­бал­ни ре­зул­та­ти во пре­ра­бо­ту­вач­ки­от се­ктор.

Шпе­ку­ла­ци­и­те што до­а­ѓа­ат од свет­ски­те бер­зи на на­фта одат до­та­му што го­во­рат де­ка це­на­та на на­фта­та мо­же да пад­не до не­ве­ро­јат­ни 12 де­на­ри за ли­тар. Најв­ли­ја­тел­ни­те член­ки на ОПЕК изра­зи­ја жел­ба да доз­во­лат на­ма­лу­ва­ње на це­на­та на на­фта­та и до не­ве­ро­јат­ни 40 до­ла­ри за ба­рел.

Ми­ни­сте­рот за енер­ги­ја во Вла­да­та на Обе­ди­не­ти­те Арап­ски Еми­ра­ти, Су­ха­ил ал Ма­зро­у­еи, нај­а­ви де­ка не­го­ва­та зем­ја не­ма да го сме­ни мис­ле­ње­то во вр­ска со но­ви­от по­тен­ци­ја­лен со­ста­нок со член­ки­те на ОПЕК.

– Не е важ­но да­ли це­на­та на на­фта­та е 60 или 40 до­ла­ри за ба­рел – до­дал Ал Ма­зро­у­еи.

Ина­ку, еден ба­рел е ед­на­ков на 159 ли­три, кои ќе чи­нат не­ве­ро­јат­ни 2000 де­на­ри, од­нос­но ре­чи­си 12,5 де­на­ри за ли­тар.

За по­тсе­ту­ва­ње, член­ки­те на ОПЕК го пре­диз­ви­каа па­дот на це­на­та на на­фта­та со од­лу­ка­та да ја одр­жат кво­та­та на про­из­водс­тво на 30 ми­ли­о­ни ба­ре­ли днев­но.

До­кол­ку це­на­та на ба­рел пад­не на 40 до­ла­ри, тоа ќе би­де зна­чи­те­лен пот­тик за еко­но­ми­ја­та на го­лем број зем­ји. Одре­де­ни ана­ли­ти­ча­ри сме­та­ат де­ка зем­ји­те на ОПЕК го на­пра­ви­ле тоа со цел да пре­диз­ви­ка­ат вој­на со це­на­та на па­за­ри­те на Бли­ски­от Исток, а најм­но­гу на па­за­ри­те на САД и на Ру­си­ја.

Пишува Александрија Стефковска

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top