| четврток, 6 декември 2018 |

Животот треба да се живее, луѓето кои ги сакате правете ги среќни (фото)

hitportal-dzanluka

Италијанецот Џанкарло Муришијано  објави фотографија на „фејсбук“ на први јануари, а за само неколку дена фотографијата стана вистински хит на социјалните мрежи секаде низ светот. Џанкарло фотографијата од својата баба Антонија (87) кија боледува од Алцхајмерова болест ја објавил на Фејсбук на 31 декември и од тогаш, оваа фотографија „заработи“ 436.000 лајкови и споделена е повеќе од 43.000 пати.

– Баба е секогаш во добро друштво. Во текот на денот секогаш еден од нас е со неа, а мама навечер спие покрај неа – вели Џанкарло.

Моментот во која ја држи својата баба, го опиша како еден од најубавите во својот живот, без разлика што има тажен лик. Иако изгледа како бабата да плаче на фотографијата, всушност ова е еден од ретките моменти кога се сетила на својот внук и ужива во разговорот со него. Инаку, состојбата на неговата баба е навистина сериозна и таа често не го препознава својот внук.

Целта на неговата фотографија е да укаже на тоа дека животот треба да се живее и во 2015. година им посака на сите да бидат „присутни“ не само за да ги штитат и тешат луѓето кои ги сакаат, туку и за да ги прават среќни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top