| четврток, 6 декември 2018 |

Меси е поскап од Роналдо

Лионел Меси е поскап играч од Кристијано Роналдо според проценките на фудбалската опсерваторија „ЦИЕС“. Критериумите се стилот на игра, моментната форма на фудбалерот, годините, актуелниот договор со клубот, индивидуалните и тимските резултати…

Меси според „ЦИЕС“ чини 219,2 милиони евра доколку некој од клубовите сака да го ангажира аргентинскиот ас. Роналдо е далеку зад големиот ривал и е проценет на 132,5 милиони евра. Во топ-5 се и Еден Азар кој е во друштвото на Меси и Роналдо како единствените тројца играчи што моментно вредат над 100 милиони евра. Белгискиот репрезентативец е проценет токму на границата од стотката.

mesi

Зад Азар е неговиот клупски соиграч од Челси, Диего Коста со вредност од 84 милиони евра и на петтата позиција е Пол Погба од Јувентус, кој чини 72 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top