| четврток, 6 декември 2018 |

Хамас против резолуција во ОН

hamasХамас соопшти дека целосно се противи на плановите на палестинскиот претседател Махмуд Абас повторно да поднесе до Советот за безбедност на Обединетите нации резолуција, со која се одредува рокот за израелското повлекување од Западниот Брег, откако првата резолуција не беше усвоена минатата недела.

– Хамас целосно се противи на секое враќање во Советот за безбедност на ОН од страна на Палестинската управа, изјави синоќа портпаролот на групацијата Сами Аби Зухри преку соопштение.

– Таков чекор би бил политичка глупост со кој се игра опасна игра со судбината на нашата нација. Махмуд Абас и раководството на Палестинската управа би требало целосно да ја прекинат таа политичка глупост, нагаси Зухри.

Палестинското раководство пред неколку дена одлучи повторно да поднесе нацрт-резолуција, со која се одредува рокот за конечна мировна спогодба и ставање крај на окупацијата.

Резолуцијата не доби доволен број гласови во СБ на 30 декември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top