| четврток, 6 декември 2018 |

Бушар ја прегази Серена Вилијамс за неполн час

Канадската тенисерка Јужин Бушар ја прегази најтрофејната активна тенисерка на планетата Серена Вилијамс на Хопман купот во Перт, Австралија.

Победата на седморангираната тенисерка не спаѓа во категоријата сензационални подвизи, но начинот на кој стаса до триумфот е мошне изненадувачки. Ретко се гледа моќната Серена Вилијамс на колена, декласирана со резултат 6-2, 6-1, за само 53 минути. Експресно за неполн час, што само го потврдува големиот потенцијал на 20-годишната Канаѓанка од Монтреал.

Eugenie Bouchard of Canada follows through on return to Ana Ivanovic of Serbia during WTA Finals singles tennis match at the Singapore Indoor Stadium

Канада со двете сингл победи на Бушар против Вилијамс и на Поспишил против Иснер го доби соседското дерби со САД, па мечот во двојки што е во тек нема да в лијае на конечниот исход.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top