Перо Антиќ и Атланта Хоукс продолжуваат да редат победи во НБА лигата. Синоќа кошаркарите на Атланта остварија една од најтешките, но и најважни оваа сезона победувајќи на жешкиот терен на Лос Анџелес Клиперс во „Стејпл Центар“ со 107-98.
Антиќ ја одигра најдобрата партија оваа сезона, запишувајќи личен рекорд од 13 поени (2/4 за 3п, 1/1 за 2п, 5/8 за 1п) притоа додавајќи и два скока и една асистенција.
„Јастребите“ победата ја обезбедија во третиот период во кој успеаја да остварат предност од 10 коша разлика (33-23).
По еден натпревар одмор кој го доби од тренерот, Антиќ врза два меча со двоцифрен број поени.
Сега скорот на Атланта изнесува 26-8 и тоа е трет резултат во лигата зад тимовите од западната конференција Голден Стејт и Портланд и прв на истокот.
Следниот натпревар Перо и другарите го играат веќе утре на домашен терен против разиграниот тим на Мемфис.
Во продолжение погледнете ги сите поени на Перо Антиќ на овој натпревар.
Во останатите натпревари беа постигнати следните резултати:
Филаделфија – Кливленд 95-92, Бостон – Шарлот 95-104, Бруклин – Далас 88-96 (прод), Чикаго – Хјустон 114-105, Мемфис – Њујорк 105-83, Минесота – Денвер 101-110, Јута – Индијана 101-105, Портланд – ЛА Лејкерс 98-94, Голден стејт – Оклахома 117-91, ЛА Клиперс – Атланта 98-107, Њу Орлеанс – Вашингтон 85-92.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.