| четврток, 6 декември 2018 |

Има­ме кој да ка­же, но не и кој да на­пи­ше

Во Ма­ке­до­ни­ја по­сто­јат лу­ѓе што на­ви­сти­на има­ат што да на­пи­шат, ка­ри­е­ри за кои јав­но­ста со го­ди­ни е све­док, се­меј­ни при­каз­ни кои се­ко­го би го ин­те­ре­си­ра­ле. Се­пак, тие што се од­лу­чи­ле на тоа мо­же да се из­бро­јат со па­ле­цот и по­ка­за­ле­цот.

Две­сте и че­ти­ри­е­сет стра­ни­ци во кои еден ти­неј­џер збо­ру­ва за тоа кол­ку пи­ца­та, де­вој­ки­те и Бог се су­пер, а из­да­ва­чи­те ба­рем по­ло­ви­на од стра­ни­ци­те мо­ра­ле да ги по­пол­нат со фо­то­гра­фии би­деј­ќи тол­ку и мо­же да се ка­же за жи­во­тот на ед­но шес­на­е­се­тго­диш­но мом­че. Ва­ка кри­ти­ча­ри­те ја оце­ни­ја „Прв че­кор кон веч­но­ста“ на свет­ска­та сен­за­ци­ја Џа­стин Би­бер, авто­би­о­гра­фи­ја што е пре­ве­де­на и на ма­ке­дон­ски ја­зик.

 500826-justin-bieber-memoir-617-409

Ко­га се ра­бо­ти за пи­шу­ва­ње авто­би­о­гра­фи­ја или кни­га што со­др­жи та­кви еле­мен­ти, јав­ни­те лич­но­сти, не са­мо во све­тот, ту­ку и на Бал­ка­нот, се тру­дат да ја иско­ри­стат сво­ја­та, ма­кар и кра­тка, по­пу­лар­ност до ко­рен.

 Му­зи­ча­ри, акте­ри, дет­ски ѕвез­ди што ус­пе­а­ле, дет­ски ѕвез­ди што про­пад­на­ле, учес­ни­ци во ре­ал­но шоу, род­ни­ни на поз­на­ти лич­но­сти – во ли­те­ра­ту­ра­та ко­ја до­а­ѓа од та­кви­от тип поз­на­ти лич­но­сти не се из­би­ра ква­ли­те­тот на тоа што лич­но­ста има да го ка­же, ту­ку се игра на кар­та­та на љу­бо­пит­ност, иста­та при­чи­на по­ра­ди ко­ја се гле­да­ат и еми­си­и­те што откри­ва­ат при­ват­ни де­та­ли за поз­на­ти­те.

 И Ста­ни­ја, де­вој­ка од Ср­би­ја ко­ја сво­ја­та по­пу­лар­ност ја стек­на со тоа што се­којд­нев­но ги по­ка­жу­ва­ше сво­јот зад­ник и гра­ди, раз­мис­лу­ва сво­и­те аван­ту­ри да ги спо­де­ли низ авто­би­о­граф­ска кни­га. За сво­ја­та кни­га „Го­ла ви­сти­на“, хр­ват­ска­та пе­јач­ка и мо­дел Ни­вес Цел­зи­ус, пак, во 2008 го­ди­на ја до­би пре­стиж­на­та ли­те­ра­тур­на на­гра­да „Кик­лоп“.

 nives-celzijus-se-bori-za-knjizevnu-nagradu-roza-504x335-20100102-20101019013216-264887

Во Ма­ке­до­ни­ја по­сто­јат лу­ѓе што на­ви­сти­на има­ат што да на­пи­шат, ка­ри­е­ри за кои јав­но­ста со го­ди­ни е све­док, се­меј­ни при­каз­ни кои се­ко­го би го ин­те­ре­си­ра­ле. Се­пак, тие што се од­лу­чи­ле на тоа мо­же да се из­бро­јат со па­ле­цот и по­ка­за­ле­цот.

За сво­и­те ус­пе­си и за ос­тва­ру­ва­ње­то на со­нот да игра во шпан­ски­от ра­ко­ме­тен клуб Бар­се­ло­на, Ки­рил Ла­за­ров пред не­ко­ја го­ди­на ја на­пи­ша сво­ја­та кни­га „Се­дум“. Со сво­ја­та се­ри­ја кни­ги, пак, Игор Џам­ба­зов нај­до­бро го сфа­ти по­тен­ци­ја­лот од та­кви­от тип из­да­ваш­тво. Не­го­ва­та „Об­ле­чен чо­век“ е че­твр­та кни­га со при­каз­ни од не­го­ви­от жи­вот што се про­да­ва низ ма­ке­дон­ски­те кни­жар­ни­ци.

dzambazov2

–       Игор до­жи­ву­ва го­лем ус­пех со не­го­ви­те кни­ги, са­мо­то тоа ка­жу­ва де­ка има­ме пуб­ли­ка за авто­би­о­гра­фии. Во Ма­ке­до­ни­ја не­ма го­лем број тол­ку поз­на­ти лич­но­сти од овој тип, но ве­ру­вам де­ка ин­те­рес, се­пак, би има­ло. Се раз­би­ра, ре­тко кој од јав­ни­те лич­но­сти пи­шу­ва авто­би­о­гра­фи­ја сам, се­ко­гаш по­стои тим што го пра­ви тоа, но пот­пи­сот е на јав­на­та лич­ност. Во Ма­ке­до­ни­ја не е раз­ра­бо­те­на таа ма­ши­не­ри­ја – сме­та Але­ксан­дар Саз­дов од из­да­вач­ка­та ку­ќа „Три“.

 И Де­јан Пав­ле­ски од из­да­вач­ка­та ку­ќа „Ма­ти­ца“сме­та де­ка има чи­та­те­ли за авто­би­о­гра­фии.

–       Штом по­ми­ну­ва­ат во све­тот, ќе по­ми­нат и кај нас. На­ро­дот са­ка се­ир, не збо­ру­вам са­мо за Ма­ке­дон­ци­те, ту­ку оп­што во све­тот. За­тоа овие кни­ги и ус­пе­ва­ат. Во нив се­ко­гаш се со­др­жат при­каз­ни за јав­ни­те лич­но­сти кои ре­тко кој ги знае  – ве­ли Пав­ле­ски.

 До­де­ка Цел­зи­ус ги бо­ри па­ри­те од вто­ро­то про­дол­же­ние на „Го­ла ви­сти­на“ и при­каз­ни­те за раз­во­дот со фуд­ба­ле­рот Ди­но Др­пиќ, во Ма­ке­до­ни­ја не се ни раз­мис­лу­ва на за­ра­бо­тка од сво­ја­та при­каз­на.

 toni mihajlovski

Ма­ке­дон­ски­от актер То­ни Ми­хај­лов­ски, ба­рем за­се­га, не­ма на­ме­ра да поч­не со со­го­лу­ва­ње на хар­ти­ја.

 – Не сум раз­мис­лу­вал до­се­га на таа те­ма. Млад сум, имам вре­ме. Не­мам јас тол­кав и та­ков ба­гаж ка­ко Игор Џам­ба­зов. Ако јас на­пи­шам авто­би­о­граф­ска кни­га, ќе тре­ба да ја раз­ве­дам по­ло­ви­на Ма­ке­до­ни­ја. Кај ме­не не­ма псев­до­ни­ми. Или ка­ко Игор, да ка­же­ме, не ка­жу­вам ко­ја е, ама жи­вее до тој и тој и до овој и пре­ку две ку­ќи од оној – се ше­гу­ва То­ни Ми­хај­лов­ски и до­да­ва де­ка раз­мис­лу­вал да на­пи­ше сце­на­рио за филм, но е да­ле­ку од ре­а­ли­за­ци­ја на таа иде­ја.

 Кра­ли­ца­та на ром­ска­та му­зи­ка Ес­ма Ре­џе­по­ва-Те­о­до­си­ев­ска че­сто умее да збо­ру­ва за сво­јот жи­вот ка­ко де­те, ко­га чи­сте­ла чев­ли по­ма­гај­ќи му на сво­јот та­тко, за тоа ка­ко го за­поз­на­ла сво­јот со­пруг Сте­во, но ни­ко­гаш не ре­ши­ла да сед­не и тоа да го пре­то­чи во до­бро че­ти­во.

 esma

– За ме­не и за Сте­во ве­ќе има мо­но­гра­фи­ја од 1974 го­ди­на, а след­на­та го­ди­на, нај­ве­ро­јат­но во март, ќе би­де из­да­де­на уште ед­на кни­га за мо­јот жи­вот на ма­ке­дон­ски, анг­ли­ски и на ром­ски ја­зик. Не раз­мис­лу­вам за авто­би­о­гра­фи­ја би­деј­ќи во мо­но­гра­фи­ја­та ќе се со­др­жат при­каз­ни за ме­не и мои из­ја­ви – ве­ли Ес­ма.

 Единс­тве­но Ки­рил Поп Хри­стов, или Ки­ли, ка­ко што си­те го поз­на­ва­ат, има нај­а­ве­но де­ка под­го­тву­ва сво­ја авто­би­о­гра­фи­ја.

 kili-intervju-02-602x320

– Ма, ка­ко да не. Јас ве­ќе ја на­пи­шав. Се ви­ка „Тај­ни жи­вот Ки­ри­ла Поп-Хри­сто­ва“. Не нај­дов ма­ке­дон­ски из­да­вач. Во Ср­би­ја ќе из­ле­зе. За­тоа е и на срп­ски. И во Ср­би­ја ме поз­на­ва­ат, та­му бев акту­е­лен во 90-ти­те го­ди­ни. Мно­гу е про­ме­не­то од то­гаш. Ама, та­му нај­дов из­да­вач. Ту­ка не­ма­ше ин­те­рес. А ка­жав де­ка имам та­ков ра­ко­пис, доз­во­ле­те јас да ви ја ка­жам мо­ја­та при­каз­на, ко­ја вие мис­ли­те де­ка е тај­на – из­ја­ви во ед­на при­го­да Ки­ли на пра­ша­ње­то да­ли еден ден ќе го за­поз­на­е­ме на та­ков на­чин пре­ку авто­би­о­граф­ско де­ло.

Пи­шу­ваМа­ри­на Ко­стов­ска

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top