Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива во зимски услови, наместа со остатоци од снег по коловозите. Врнежи од слаб снег се бележат во северните, северозападните и југоисточните делови на државата. Поради ниските температури на повисоките места можна е појава на голомразица.
Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на патниот правец Дебар – Струга, а во 07:20ч. воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила и на патниот правец крак Маврово – Дебар – Струга и на планинскиот премин Стража.
АМСМ препорачува посебно внимание на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.